Убаво возило. Со здравје да се вози! Ме имаат неколку пати возено во вакво со истиот мотор, доста задоволен во поглед на управувањето. Јас лично не би ставил 16 бандажи од повеќе причини сепак ова е 1.4 мотор а и вака количево си изгледа супер.
Искрено се замилсив околу промената на бандашите од 15 на 16. Ама пусти мерак бре ме тера да и ставам поголеми... Управувањето е одлично, јас не очекував толку прецизно и директно управување. Имам возено, Corsa, Polo, Twingo и кога седнав во Fiesta за првпат бев изненаден во позитивна смисла. Малку после тоа ја донесов одлуката да ја купам.
Одлично количе, со одлична опременост и мотор... Паметен избир ти е што си земал од тука количе и јас имам исто мислење со тебе... Многу нормално на кого колку му се можностите, ама 90% од лугето би одиграле на друг начин, за тие пари се купува "бмв, мерцедес" итн. со 500-600к км... Со здравје да си ја возиш и уз пат некој ден ако поминувм од таму ке ја видам, затоа што често поминувам на местото каде што е сликана накај работа кога идам...
Најчестиот одговор кога им кажав на пријателите околу мене дека сум купил Фиеста од МК беше: "За тие пари Пасат, БМВ, Голф ќе си купел". Ама поентата не е да купиш најмногу лим за парите и лимот да се вика Пасат, БМВ, Голф... Мене ми требаше градско возило, што ќе може и сопругата да го вози, да ми се најде за излети до море и планина, и да можам да го сервисирам како што треба. Сервисот ми е многу битен зашто не сакам да ја крпам колата со половни, непроверени делови зашто очекувам да ја експлоатирам како што треба и не сакам да импровизирам. Повеќето од луѓето што ги знам што купија половни возила во рангот на Пасат, БМВ и сл... сега се жалат дека нешто им се зафркнало, па скапи делови, па мајстор добар немало, па нашол некој мајстор што можел да ја направи и не бил скап па и тој неможел да ја напраи и тн. Импровизирање. Не велам дека треба да отиде во овластен сервис, ама на возило со 500,000 км, многу е огромна веројатноста дека ќе треба да му смениш постепено се зашто некој пред тебе му ја е*ал мамата од возење, а тој што ти го продал го закрпил и нашминкал за да ти ги извади парите од џеб. Многу коли имам проверено пред да ја купам Фиестата и 10-15 авто дилери во Западна Германија. Кај нас се продава најголемото ѓубре. И тоа што навидум изгледа, коска сочувано, ново со 150.000 километри и тоа е сомнително. Не велам дека нема да чини возилото, туку само дека однапред купувачот е изманипулиран пред да го купи возилото.
Може и еден тест да направиш побарај добро сочуван Голф 5-6 кај нас на сајтовиве, и спореди го со цените во Германија. Иста километража, мотор, опрема. Цената ќе биде повисока од таа што ќе ја платиш тука. Прашањето што произлегува е: Како е можно Голф 5-6 донесен од Германија да е поефтин тука отколку да го купиш од Германија сам и да го донесеш? Нема логика нели? Ама затоа има игри и сплетки од страна на дилерите. Голфот кај нас ќе биде: Уникат, Единствен, со Нај Нај Фул опрема, Реална Километража.... Ќе ти го продадат со зборовите што сакаш да ги слушнеш.
Тоа е моето мислење, погрешно или не јас мислам така.