Чудна работа, кај мене и после 4 години не се одлепија. Изгледа не ми е како што треба ентериеров.
Професоре, на 306-ката твоја тапацирите на вратите не се со сунгерасто трико, кровот не ти е со сунгерасто трико. Така да твојата кола и со вапче да се пројде, нема да се одлепи. Не се секирај.
Pa SaleSk ne soglasuvam so tebe kaj mene fala bogu za ovie 15-16 godini se nema sluceno do sega da se odlepi tapacir ili krov ama mnogu e bitno nacinot na rabota, hemijata,voziloto itn.Kaj mene sekogas koga ke pravam hemisko praktikuvam koga ke dojde musterijata da si go zeme voziloto da e suvo zatoa i koga se vaka poniski temperaaturite voopsto i ne pravam hemisko ,bez razlika kolku i da go susis nikogas nemozes da go isusis ubavo .Drugo dali znaes sto znaci da se rasturi sedisteto [vo koe ima airbag]znaes li kolku vreme treba da se rasturi i da se sklopi [i nikogas nema da bide isto kako fabricki sto e.....
Незнам @dame , jас ова го зборувам заради тоа што сум го видел. Каде е правено хемиско незнам.
Но ужасно е тоа што го имам видено. Обично кога гледам кола на страна гледам да не е толку чиста, барем знам дека не правеле хемиско. Поготово ако кровот е стакло, тоа ме плаши. Уште ако е материјалот сунгераст, распаѓање не му бега.
Незнам со што и како работиш, освен сликите кои сум ги гледал што си ги поставувал од сработеното, и секоја чест за тоа. Но дали имаш видено одлепен ентериер? Дали е точно дека тоа е од хемиско?
Ако не сакаш да одговориш, еве јас ке ти одговорам. Тоа е од хемијата која се користи, особено доколку е повисока концентрацијата на хемијата и од не добро исушени материјали. Хемикалијата влијае врз сунгерот кој истата ја упива. По неколку недели, месеци, хемикалијата реагира со лепакот и практично го одвојува платното од сунгерот, т.е. сунгерот како да се распаѓа, топи. Тоа е тоа.
А што се однесува до материјалот од седиштата. Да, точно е дека има многу работа, точно е дека се тешки за растурање, и да, тоа одзема многу време и внимание.
Но не се слагам дека нема да се затегнат како што биле фабрички сработени и стегнати. Нив не ги прави робот, ги прави човек. Истото и тука може да се направи.
Јас имам правено таков зафат на неколку коли, и до сега никој не се пожалил дека не е направено како што треба. Како на пример: Пежо 206, 306, 405, 406, Форд Ескорт, Опел Астра, Вектра, Тигра, Голф 1, 2, 3, Хонда Цивик, сигурно има уште некоја но не ми текнува во моментот.
Инаку јас не работам професионално со таа работа, но му имам помагано на еден мајстор, така да колку толку знам за што станува збор и имам познавање од таа област. Штета што никогаш не ми текнало да ги сликам тие работи.
Но да не ја труеме темава со тие работи.
Оставам сопственикот да одлучи за тоа што ке го прави понатаму со возилото.
Јас само му препорачав.
Верувам дека перењето на тапацирите од седиштата ке биде подобро да се направи надвор, во машина одколку во самото возило. Мислам дека ке се сложиш со оваа констатација