А бе луѓе, све е тоа иста работа, која е оригинална, која не - нема баш никаква врска, и онака веќе никој не прави пастрмајлија со овча пастрма, сите си праат своја варијација на тема. Верувам дека пред 70-80 години сите јаделе исто тесто со фрлено некое парченце солено свинско месо и еден куп пастрма, ама со тек на време си праат „бајрам“, која е чија е и што е пооригинално. Се` на се`, и пита и штипска, и кратовска и пробиштипска, све тоа е многу вкусно и вреди да се оди на лице место да се јаде
