Моја препорака за ресторан Планински бисер во Бродец и ресторан Оаза во Шишево, амбиентот не е нешто, ама си покрај Треска одма и јадењето и цените се одлични.
Оаза во Шишево ме имаат така заклано што Воденица би им позавидела. Моја нога таму више не стапнува.
Точно е дека си покрај река, ама не ја гледаш реката, него прашина од патот само, у кафаната надвор се е пред 60 години, пајажина никогаш неисчистена, и на се тоа наплаќање плескавица 700 денара, патлиџанот стварно топ, ама со цена како кавијар, ја не би отишол никад више, а сум бил неколку пати и стално било прескапо.
Чисто информативно ние 4 возрасни со 3 деца и секој по едно пиво и по пола порција и две-три салати и тиквици, 7.500 денара, значи пепел.
Скоро седнав во Македонско село, на Пантелејмон, врвна услуга, ама врвна, јадење одлично, исто 4 возрасни, 3 деца, ама јадење секој по порција плус салати плус пити, по 2-3 ракии плус благо и пак цена 7.500. топла препорака за горе, само со резервација најубаво.