Вчера бев набрзина до Врање, ако е некој по кафанче/биртивче мерак кај што јадењето е побитно од фенси изглед не го пропуштајте местово.
Овие истие бројки на цените кај нас се во денари.
9/10 за вкус
10/10 за масивност на порциите, мислам дека грамажата е дури поголема од декларираната на менито
100/10 за ефтиноќата
Кафана Нова прича, во близина на Лидл.
Немам некоја слика нешто мн мн, мала гурманска јадам и ражнич, може да се примети дека колку палецот е дебела и поголемиот дел од чинијата го зафаќа, големата видов кај шо ја носат е уште подебела и е колку цела чинија. Другарот јадеше кременадла, исто огромна, дебелка и сочно месото и во двата оброци, не картон суво како низ цела Мк.
Салатата обемна, зачинета пред време, не штедено, од око сечена, имаше парчиња домат или краставица по сантим, кај нас на сецкало само од тие две ќе ти насецка една порција салата. Тие нешто топките горе беа нешто плус ситно пари, солидни исто.
https://maps.app.goo.gl/VMBzbrv3TSvx1uZ26?g_st=ic


