Е, ако е за да не ждригаш цел ден и да ти биде лошо, препораките се следни:
Бутката на пумпата у автокоманда на излез - „Шоферска“. Повеќе гужва има на таа до „Шоферска“, ама оваа е оригиналната „алкалоид“ што беше порано. Лепче со плескавица или две. Не зимај „гурмански“ и слични. Секако, без сосеви. Чисто скопско лепче со плескавица - „стоилко“ стил. Може кромид и буковец ако си љубител.
У Ѓорче (влае уствари, пред демократијата ѓорче беше) на партизанска, Цујо сендвичарата има добри гурмански и убава лепиња, исто лепче и пљеска, ништо друго.
Секако, „лесковац“ ги спомнав, специјалка (голема гурманска) у тортиља, да не гнетеш многу леб.
За у кафани, само у „дм“ јадам мелено, ама таму ми спремаат по мој терк месена шарска со екстра сецкана сланина.
Толку од меленото на скара тука кај нас, друго не знам. Од овие места, никад не сум имал проблеми со стомак, а имам „детектор“ на лошо месо у желудников, одма сака надвор
