Појавата на сила на узгон најлесно се објаснува со Бернулиевиот принцип. Односно, статичкиот притисок на флуид што струи со поголема брзина е помал во однос на статичкиот притисок на флуид што струи со помала брзнина. Просто кажано. Заради обликот на крилата (аеропрофил) воздухот од горната страна струи побрзо него тој од долната (логично заради закривеноста на горната страна, мора да помине поголем пат за исто време). Така статичкиот притисок на горната страна е помал него на долната. Векторски кога ќе се соберат овие сили вклучувајки го отпорот и брзината, резултантната сила е нагоре, и се вика узгон или лифт или еве подемна сила. Нагоре е се додека односот на притисоците е таков и нормално векторот на брзината да е поголем од векторот на отпорот. (во исти правец се но во спротивна насока). Нарушување на насоката и правецот на резултантиот вектор (узгон) доаѓа кога од било која причина струењето на горната страна од ламинарно премине во турболентно и настане одвојување на струјниците од површината на крилото. Во кој момент ќе настане одвојување зависи од нападниот агол на крилото и брзината - соодветно отпорот. Сето ова преставено на график ја дава таканаречена ПОЛАРА на крило која што е различна за секој аеропрофил, односно ги дефинира неговите карактеристики.
Тоа е што се однесува до физиката
По прашањето на тајванскиов авион,
Веројатно изгубил снага на двата мотора!?!?!? не се знае ама очигледно е така...
-Без снага му се намалува брзината (што значи разликата помеѓу брзината и отпорот се намалува), отпорот станува се подоминантен
-Заради тоа се намалува узгонот и авионот сака да иде надоле/
-Пошто несмее да иде надоле, за да го зголеми узгонот му треба поголем нападен агол.
-Поголем нападен агол значи екстра поголем отпор и рапидно опаѓање на брзината. Како шкода рапид.

-Доаѓа до критичниот нападен агол и почнува да се превлекува (полека почнуваат струјниците да се одвојуваат)
-Лек.. пуштање нос доле, ама така иде директива у мостот...
-Го задржа малку повеќе и се столираше.
-Да имаше малку повеќе висина 100фт. ќе можеше да изврши вон аеродромско слетање (незнам шо имаше после мостот али веројатно чист терен затоа и тргнал натака)
-Јеби га, се дешава свашта... пу пу пу....