А имате до толкаво поверење во таа електроника и компјутер дека се нерасипливи, дека во ниту еден случај неможе да затаат или откажат ?
Компјутерите во леталата се типично четирикратно редундантни. Ако еден откаже - работата ја презема вториот... и така до четири. Работат со суперпроверени и суперпознати процесори како 80386 (да, повеќето авиони работат на 386-ки. Дури сеа пред некоја година Intel престана да ги произведува 386-ките, па за таа намена најновите авиони користат PowerPC или нешто слично, на релативно мал клок).
И тоа не е се: во секој од четирите компјутери работи софтвер напишан по исти спецификации, но од р
азлични тимови од различни фирми. Така, дури и тој софтвер да има некој немогуч баг, нема шанси истиот да се повтори во некој од другите три.
Па така, попрво метеор ќе го погоди авионот отколку да дојде до отказ на компјутерите (обрни внимание на множина).
Не можат компјутерите да прават ствари за кои што не се испрограмирани.
Да, токму затоа им доверуваме многу одговорни задачи.
Компјутер без пилот и обратно, не ми оди некако.Впрочем за оваа тематика двата најголеми производители на комерцијални авиони Ербас и Боинг имаат различна филозофија. Ербас акцент става на компјутеризацијата на леталата, а пилотот е тука како надгледувач на целиот процес, додека Боинг акцент става на инстинктот на пилотот, вештината на пилотирање и слободата на одлучување во даден момент во однос на компјутерот.
Боинг повеќе им прави филм на пилотите дека летаат „класично“ со авионот со тоа што задржуваат изглед на контролните уреди, разните палки, команди итн. итн, инаку и тие се суперкомпјутеризирани. Боинг 777 или 747-800 немаат ни една единствена компонента која не ја мрда компјутер. Не се ништо помалку компјутеризирани од ербасите.
За разлика од нив, Ербас воопшто не ги „лаже“ пилотите дека тука нема компјутер. Палката е заменета со мало џојстиче од страна, а пред пилотот наместо инструменти и „волан“ и ма екрани и тастатура.
Boeing 777. Тука палката само изгледа дека е класична, уствари и таа е вржана за компјутер. Има систем на тегови кои симулираат физичка контрола на контролните површини, за на пилотот да му се чини дека лета класичен авион:

Airbus A380. Они не се заебаваат. „Бачко, компјутер ти го лета авионот, еве ти тастатура на извлекување, а ако баш ти треба имаш мало џојстиче од страна под прозорот“

На авио-превозниците останува да одлучат која филозофија повеќе им се допаѓа 
Ербас веќе неколку години по ред ги шие Боинг во продажба на светско ниво, така да...
