Јас имав прилика да видам колата на кратко, Моторот спие, не е гласен, целата кола е (по)гласна кога се движи. Е сега, тоа може да биде до (лоши) гуми, изолација на самата кола, и ред други фактори, а и италијаните се „познати“ по некој децибел погласни возила.
Инаку, колата е супер сочувана и изгледа одлично. Што се однесува до сијаличето за долги, можно е некој во одреден момент да го има сменето со појака ватажа, ако другите се 0,3W, ова да е 0,5W или повеќе...