Автор Тема: Fiat Stilo - замрзнати врати  (Прочитано 6293 пати)

Отсутен tupacan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 156
    • Womans in your city for night
Fiat Stilo - замрзнати врати
« на: 30 Декември 2014, 08:21:43 am »
Здраво друштво, пред некој ден ми замрзнаа вратите, т.е. механизамот за отварање (не за отклучување, за отварање). Тоа беше вечерно време, па пошто дента ја перев колата, мислев дека е од тоа. Сабајлево гледам пак замрзнати >:( ..

Има ли некое решение? Читав имало некаков си спреј, но поима немам каков..

И некаква идеја за привремено решение? Имам закажано на сервис во 10, а како што гледам температурите тешко да дојдат над 0..

Ви благодарам на времето.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Fiat Stilo - замрзнати врати
« Одговори #1 на: 30 Декември 2014, 08:29:15 am »
Купи го спрејот за одмрзнување шофершајбна и убаво изнапрскај се по неа, за пола саат треба да ти пушти. Следно решение ти е ако никако неможеш да влезеш во колата да довлечкаш греалка и директно да дува топло во една од бравите.

Отсутен tdejan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 137
Одг: Fiat Stilo - замрзнати врати
« Одговори #2 на: 30 Декември 2014, 08:33:31 am »
http://www.sonax.com/Product-Search/(node)/13444/331000-SONAX-Lock-de-icer

Со такво ако доволно истуриш внатре би требало да ја одмрзни и механизмот?
или сличен производ, ги има во секоја бензинска или поголем супермаркет (веро, тинекс, рамстор), хубо и сл...
Сонаксот е ~100мкд, има и поефтини ~60мкд

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Fiat Stilo - замрзнати врати
« Одговори #3 на: 30 Декември 2014, 08:36:59 am »
Затоа му пишав спреј за одмрзнување на шофершајбна, бидејки е истото средство само различни пакувања а со тоа и многу поскапо ке го плати ова малово него спрејот од 500мл кој кошта околу 200 денари.

Отсутен tupacan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 156
    • Womans in your city for night
Одг: Fiat Stilo - замрзнати врати
« Одговори #4 на: 30 Декември 2014, 08:38:39 am »
Ви благодарам.

Некое привремено решение да ги одмрзнам за да отидам да го купам спрејот, освен греалка (малку е тешко изводливо)? :D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14243
  • Пудингот на шоферството
Одг: Fiat Stilo - замрзнати врати
« Одговори #5 на: 30 Декември 2014, 08:38:49 am »
Brka rabota I prvoto utrinsko praznenje samo treba da se stegas dur stignis do kola.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Fiat Stilo - замрзнати врати
« Одговори #6 на: 30 Декември 2014, 08:42:08 am »
Повеќе му се ислати со такси да оди да го купи спрејот одколку да го вади на -10 сабајле :)

Отсутен tupacan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 156
    • Womans in your city for night
Одг: Fiat Stilo - замрзнати врати
« Одговори #7 на: 30 Декември 2014, 08:46:12 am »
Треба да имплементираат лајкови на форумов, да ви турам и на двајцата по еден :D ме изнасмеавте..

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Fiat Stilo - замрзнати врати
« Одговори #8 на: 30 Декември 2014, 09:02:41 am »
Можеш во самата брава, кај што влегува клучот, откако ќе проработи, за превентива да шприцнеш со  ВД-40 малку да подмачка.

Инаку купи и силиконски спрег и помини ги кедерите на вратата (можеш и на гепекот и на вертикалните рамки на прозорите кај што се движат), така што ќе земеш некое старо крпче, ќе нашприцаш на него па ќе поминеш по кедерите, 10 цм по 10 см. Не ти препорачувам да шприцаш директно зошто лом ќе направиш

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Stilo - замрзнати врати
« Одговори #9 на: 30 Декември 2014, 09:34:23 am »
Мене ми се случило кедерите да ми замрзнат на стилото, ама брави - не... Потегни појако, може не се бравите, може и кај тебе кедерите ти се залепени :) Сепак премачкај си ги кедерите со медицински глицерин (во аптека се купува), да си немаш мака...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: Fiat Stilo - замрзнати врати
« Одговори #10 на: 30 Декември 2014, 09:56:59 am »
Земи со шприц,со игла ако најдеш уште поубаво, малку антифриз и вшприцај во сите отвори.
По некое време би требало да можеш да отвориш.

Отсутен tupacan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 156
    • Womans in your city for night
Одг: Fiat Stilo - замрзнати врати
« Одговори #11 на: 30 Декември 2014, 16:25:21 pm »
Сабајлево се одмрзнаа сами по себе. Го купив чудово од линкот подолу што го предложи tdejan, но мислам дека баш не се разбираме. Кај мене не е замрзната бравата (механизамот за отклучување), без проблем отклучува и заклучува, ниту прозорците. Замрзнат е механизамот за отварање на вратите. Пример, што ми се деси - отклучувам преку ремоте, ја отварам вратата и, кога ја затварам, механизамот не сакаше да се затвори, така замрзнат стоеше. Ја бутнав со сила вратата и заклучив (ова синоќа ми се деси). И сабајлето не сакаше ни да се отвори.

http://www.sonax.com/Product-Search/(node)/13444/331000-SONAX-Lock-de-icer

И сега, каде да шприцам од ова? Пак да напоменам.. не ми замрзнува механизамот за отклучување, туку механизамот за отварање на вратата. Се надевам дека сега се разбираме.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5518
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Fiat Stilo - замрзнати врати
« Одговори #12 на: 30 Декември 2014, 16:59:49 pm »
A da ja parkiras kolata vo nekoja podzemna garaza od trgovskive centri i ja odtavis cela vecer.
Bi trebalo da se isusat.
Poveketo od tie garazi se daleku nad 0 stepeni.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Fiat Stilo - замрзнати врати
« Одговори #13 на: 30 Декември 2014, 17:08:47 pm »
Ќе си прснеш овде :)


Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Fiat Stilo - замрзнати врати
« Одговори #14 на: 30 Декември 2014, 19:45:56 pm »
Мене ми се случило кедерите да ми замрзнат на стилото, ама брави - не... Потегни појако, може не се бравите, може и кај тебе кедерите ти се залепени :) Сепак премачкај си ги кедерите со медицински глицерин (во аптека се купува), да си немаш мака...

И брисачите да не ги заборави а ако нема медицински глицерин тогаш вазелин нека земе исто може да му заврши работа а може и за друго да му се најде ;D