Автор Тема: Fiat Stilo - замрзнати врати  (Прочитано 6294 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13859
Одг: Fiat Stilo - замрзнати врати
« Одговори #30 на: 01 Јануари 2015, 18:49:10 pm »
Ќе си купите Буба и никогаш нема да ви замрзне брава :)

Сериозно, кај Бубите речиси е невозможно да ви замрзне брава. Самата брава е соодветно заштитена (дали намерно дали не незнам, ама не ми се верува Германците да остават на случај).

Како и да е, кај Застава/Фиат/Лада брави, само хухкање е чаре. Тоа со палење со чакмак, да функционира ама дур да го брцниш во брава губи многу од топлината за разлика од хухкањето.

Мене кај Нубирата пример не ми мрзнат бравите ама зато кедерите мајка плачат. Секоја зима заборавам да ги премачкам и секогаш е доцна. :) Отпосле ми текнува.

Алфата не ми замрзнала до сеа а и бравата е слична како кај Бубата.

Мене не ми бил проблем мрзнење на брава освен во 2005/06 зимата кога беше -22 степени Битола, а ја имав земено Нивата. Е да хухкаш по милионити пат на -22 не е пријатно искуство.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7055
  • хаУс мајстор
Одг: Fiat Stilo - замрзнати врати
« Одговори #31 на: 01 Јануари 2015, 23:28:35 pm »
Мене ми се случило кедерите да ми замрзнат на стилото, ама брави - не... Потегни појако, може не се бравите, може и кај тебе кедерите ти се залепени :) Сепак премачкај си ги кедерите со медицински глицерин (во аптека се купува), да си немаш мака...
Море мрзне и механизмот,еве и кај мене прееска се заебавав саат време,заглавува внатре механизмот,влегов во кола ја запалив да загрее пуштив парното па пуштија ко божем,отворив функционираше а на затварање несакаше да се затвори вратата.Ова лани мислам дека го решив како што кажаа погоре со wd-40 ама пред да бидат испрани колите,отпосле е џабе се додека не се исуши водата.
Иначе за кедери ви препорачувам вазелин,тестирано ми е,подобро е од глицерин,антифриз,масло итн.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Fiat Stilo - замрзнати врати
« Одговори #32 на: 02 Јануари 2015, 01:15:44 am »
да го ебам... порано на другине коли стално премачкував кедери, имав и спрејче за брави, прскав во бравите внатре... последниве 3-4 години ништо од тоа, затоа што следам прогноза... а најават под 0 температури, едноставно нр ги перам колите... просто како боза...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време