Значи добил одговори, ама не биле задоволителни.
Па, да појасниме. Причината зошто се става графит на крајот (а и почетокот понекогаш) на прачката е за да се зголеми нејзината моќност. Бидејќи графитот е апсорбер кој ја помага нуклеарната реакција и ја зголемува ефикасноста на самата прачка. Доколку би имало вода наместо графит таа потполно ќе ги апсорбира неутроните, додека пак графитот бидејќи е послаб апсорбер од водата ќе врати дел од неутроните кон шипката - кои понатаму повеќе ќе ја разгорат нуклеарната реакција.
Имено ако ја земеме средината од една прачка, таа од горе и од долу е бомбардирана со неутрони и има извесна моќност. Крајот на прачката е бомбардиран само од една страна бидејќи другата е крај. И не само што е бомбардиран само од една страна од другата стои апсорбер. Кога ќе се постави графитно капаче дел од неутроните ќе се вратат кон прачката и ќе ја зголемат нејзината моќност. Но ќе доведат и до порамномерна употреба на прачката, и порамномерна дистрибуција на моќноста по должината на прачката.