https://www.facebook.com/noviba/videos/499076140279587/
.
@Van, според тебе кое е решението за излез од кризава и нашиот пат кон сигурна иднина?
Mногу тешко. Оптимист сум, ама најверојатно без основа. Оптимист затоа сум што така одбирам.
Дека Човештвото се уништува самото себе, тоа е само генерално точно. Поточно е дека елитата, тие најбогатите 0.0000000000000000000000000000000000000000000000000001% од популацијата, тие ги прават страњата. Тие се тие шупаци кои ги контролираат сите глабални и макро случувања на планетава.
Тие ја контролираат економијата, индустријата, и државните апарати.... И војните, И СЕ!
Елитата ресурсите на човештвото, ресурсите на планетата, ги користат за да си ја задржат позицијата на робовладетелска моќ. Затоа огромниот дел од буџетите на државите идат за воени намени, многу мал оди за развивање на науката и за нови научни откритија. Дури и тоа на што се работи, е ориентирано кон воената намена.
Ако во последниве 50 години, буџетите за науката и за воените намени, некако волшебно ги заменеа местата.... Сега ние луѓето активно ќе го колонизиравме свемирот, за почеток ќе ги експлоатиравме астероидите, и ќе градевме свемирски станици во орбитите на Земјата, но и другите планети, и нивните месечини. Ќе бевме многу побезбедни од целосно уништување, ако во блиска иднина се случи некој од катастрофалните настани кои се случуваат одвреме навреме, и кои кога ќе се случат - уништуваат и до 3/4тини од живите видови.
Но реалноста е дека елитата, паразитите, тие не спречуваат во нашата иднина. Ги користат ресурсите за да се одржат горе, на позицијата на моќ.
За да останат на власт, и да ги држат под контрола другите 99.9999999999999999999999999999% од популацијата, елитата се служи со војни, хорор и терор, маки и страдања, разделби и поделби. Човештвото мора да биде постојано држено под страв, постојано да има многу работи на грижа - за да не мисли на фактот дека малубројната елита ги владее како робови, секојдневно ги експлоатира и ги понижува.
Наутро рано стани си, навечер касно легни си. Куча-посо, како што пееше Екрем. Иди да работиш за робовладелите повеќе од пола од својот активен животен век, за некои хартии чија вредност они ја контролираат и можат да ти ја земат кога сакаат. Дури и имотот што сте го заработувале цел живот, и тој е вреднуван во такви хартии. Утре можат и него да го обезвреднат и да го земат. А ако станете толку очајни да дури и за тоа не ви е грижа, тогаш тука се војните. Секогаш има други поочајни робови, кои се спремни да убиваат за хартија. Има и психопати кои виреат во војните, просперираат во војните, тогаш е нивната можност да го спојат задоволството со работата.
За тоа време мрмотите си ја виткаа чоколадата, и нарачуваат нови и нови страдања. А робовите работат, и ќутат. Се лажат со некакви смешни геџети, некои справички со мали екранчиња кои вртат видео записи од други робови како се глупираат. Се лажат со евтини филмови, серии, видео игри... Бегаат од реалноста, накратко, за следиот ден да се вратат на ропската работа.
Излезот, за човештвото, е само еден. Луѓето да ги уништат робовладетелите. А тоа може да се случи само ако се достигне критична маса на едуцирани индивидуи, нешто во што НЕ СУМ оптимист.
Но се надавам на некакво чудо, некакво научно откритие кое ќе промакне на цензурата а кое ќе овозможи справување со елтитата. Или нешто трето, што не сум кадарен да го замислам. Нешто.
Надежта, велат таа последна умира.