Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Не знам дали посебна тема за чешми, сакам да земам за во кујна, препорака од кое место, квалитетот ми е најбитен, а донекаде и изгледот на чешмата (за да се вклопи во кујната гледам оние во боја).Што мислите за графитни садопери, исто така каде да се гледаат, фала за секој совет и сугестија
Цитат: Bicikle на 20 Јануари 2022, 17:36:01 pmКако ги зачинуваш? масло оставаш да прегори ? та е било линкот...Прво да загрее убаво повеќе масло.После се истура, се пребришува да остане танок слој, не капки масло воопшто, па се загрева добро така да подгори, да се залепи тој слој за тавата. Оваа постапка може и во рерна да се направи ако дозволува рачката на тавата. Ја ставаш тавата така со танок слој масло обратно, со делот за пржење надолу и ја печеш едно пола саат, каст ајрон и саат време јас ја печев.Најдобро е 3 пати да се повтори постапката.Треба да се внимава да не е некоја танка тава па да се искриви.По пржење или готвење во тавата, истата не се мие со детеегент или во машина. Се додава врела вода, да прокрчка и се брише со хартиена крпа, да остане слојот масло зачин на тавата.
Како ги зачинуваш? масло оставаш да прегори ? та е било линкот...
@Bicikle Што си купи од Технополис?Јас од таму мислам гусената тава ја земав. Една De Bayer од Франција и сега ја чекам втората De Bayer деновиве да стигне од Германија. Многу добри тави.
@Jimny Не е убав вкусот на пуканките од вакво апаратче. Како да јадеш стиропор.Не го препорачувам.