Јас го имам баш овој модел, мојата верзија е ELS 80 EU.
Морав да го земам, бидејќи језиво ми е да ми стои бојлер над глава, тоалетот е мал, па единствено место беше над касата од вратата.
Естетски, нема споредба со другите, како и ергономично заради правоаголната форма. Има два греачи 1х1кв и 1х1.5 кв. Иако се води како 80,реално е 66литри капацитет. EU верзијата полни еден па друг греач, как верзијата во Русија двата истовремено. Имаат два типа, со емајл и со инокс. Гаранција им беше 3 со 5 госини ако не се лажам. Јас пред 4.5 год го земав од кај Електроелемент, околу 13.500.
Е сеа, негативни страни
1. На 3 година, почна да дава грешка со сензорот за температура. Проблемот е заради каменецот. Дечките од овластениот сервис дојдоа, го земаа, и вратија мислам наредниот ден. Наводно и сензорот го сменија, цена мислам дека беше 2500 или 3000.
Препорачаа на 2 год да се чисти.
2. Понискиот капацитет на вода. Иако е моделот ЕЛС80 што асоцира на 80л,реално е 66л. Јас и децата без проблем ќе поминеме, али жена ми без проблем цел го троши.
3. Емајлиран резорвар. По муабет од сервисерите, емајлот не може долгорочно да се чисти од каменец. Верзијата со инокс е сигурно 4-5 илјади поскапа. Јас очекувам 10 год да трае, па ќе видиме
Инаку темп ја држам на 60 степени, макс е 80. Ако нешто др ве интересира, пишете, мене толку ми текнува