Автор Тема: Совет за бела техника  (Прочитано 509396 пати)

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 902
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1590 на: 07 Јануари 2021, 20:39:14 pm »
Значи овака да објаснам.

Имаш централен бојлер кој ги снабдува сите потрошувачи, тука наоѓаат примена чешмите за со 2 црева/цевки.
На бојлерот ставаш неповратен со сигурносен вентил, но и просторијата каде е сместен треба да има топсифон.

Имаш индивидуални бојлери за секој потрошувач поединечно каде немаш можност за топсифон, поради тоа не ставаш сигурносен вентил, тука наоѓаат примена чешмите за со 3 црева.

Сигурносен вентил се става во случај на дефект на термостатот и грејачот ја грее водата до состојба на вриење.
Тој притисок ниеден бојлер нема да го издржи.
Ако продавачот во Нептун ти каже дека може на нискомонтажен бојлер да се стави батерија со 2 црева, се ова ти паѓа во вода.
Никако да го дознаам брендот на специјалните бојлери, се држи во тајност

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1591 на: 07 Јануари 2021, 21:39:59 pm »
А и тоа ниско и високо монтажно, благе везе нема. Јас пред да правам кујна купив Аристон "високо монтажно" за откако ја направив новата кујна си го монтирам истото доле под умивалник. Ене го 6 години нема мака.
На прашањето што е разликата помеѓу ниско и високо монтажно бојчерче, продавачот ми вика:
Епа едното е за горе да го монтираш, другото доле. Продаваат а незнаат што продаваат.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4002
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1592 на: 07 Јануари 2021, 21:53:04 pm »
И тие што се со притисок, и треба 3 црева за нив, 3 црево каде се приклучува?

Шо е со цениве на Горење, 7к за бојлерче. Ја Аристонот го платив 3200 пред 5 години.
Симни упатство од нискомонтажно без притисок и имаш шема на поврзување. 

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1593 на: 07 Јануари 2021, 21:56:54 pm »
Џизс, бојлер си е бојлер, има само 2 приклучока, ладна и топла вода.

Зпшто толку инаетење?

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4002
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1594 на: 07 Јануари 2021, 22:01:46 pm »
А и тоа ниско и високо монтажно, благе везе нема. Јас пред да правам кујна купив Аристон "високо монтажно" за откако ја направив новата кујна си го монтирам истото доле под умивалник. Ене го 6 години нема мака.
На прашањето што е разликата помеѓу ниско и високо монтажно бојчерче, продавачот ми вика:
Епа едното е за горе да го монтираш, другото доле. Продаваат а незнаат што продаваат.
Разликата е во тоа каде се долева ладна а од каде се вади топла вода оти цевките се со различна должина. Ќе ти работи и обратно ама побрзо ќе ти ја лади водата во бојлер. Е сега можеш да монтираш и црева обратно ако немаш еднонасочен вентил.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1595 на: 07 Јануари 2021, 22:10:41 pm »
Нема разлика, истата шема е само што на едниот му го ставиле логото и топла /ладна обратно.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1596 на: 08 Јануари 2021, 00:58:33 am »
Џизс, бојлер си е бојлер, има само 2 приклучока, ладна и топла вода.

Зпшто толку инаетење?
Џизс се роди.
Модерни времиња, то е.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1597 на: 08 Јануари 2021, 02:43:51 am »
Си ги прочитав постовите и увидов дека и јас не сум се доизразил како што треба па еве сега да се оправам.

Батерии со 2 црева (висок притисок) наоѓаат примена во куќи каде што има централен бојлер и соодветна инсталација, односно во ѕидот има 2 цевки, една за ладна, друга за топла вода, и на нив се приклучуваат батериите.
Порано кај нас 2 цевки се поставуваа само во купатило каде се наоѓа бојлер за бањање, но до кујна се поставуваше само една цевка, доводна.

Бојлерот и батеријата во купатилото се приклучени на доводна цевка од која се снабдуваат со ладна вода. Од бојлерот топлата вода излегува во втората цевка на која исто така е приклучена батеријата.
При загревање на водата расте притисокот кој единствено може да се шири преку доводот. За тоа да се спречи се поставува на влезот за ладна вода на бојлерот неповратен вентил на кој се наоѓа и сигурносен вентил преку кој ќе истекува водата во случај на дефект на термостатот. Топсифонот ќе ја прибере истечената вода и нема да дојде до поплава.
Поради неповратниот вентил водата во бојлерот е под поголем притисок од притисокот во водоводната мрежа.

Батерии со три црева (низок притисок) наоѓаат примена во простории каде нема довод од централен бојлер, односно се приклучуваат на сопствен бојлер, и каде нема топсифон. Преку батеријата истекува водата во лабаво доколку се појави вишок притисок дали при нормално загревање или дефект на термостатот.

Тука доаѓаме до бојлерите кои можат да бидат со пластично или метално казанче.
Тие со пластичните казанчиња при поголем притисок + температура може да дојде до попуштање на казанчето па затоа се комбинираат со батерии за низок притисок, односно 3 црева. Оттука и називот нископритисочни бојлери, но сепак се соочуваат со притисок не повисок од притисокот на водоводната мрежа.
Поевтини се и затоа се популарни за комбинација со батерии за низок притисок.

Од друга страна нема никаква пречка да се комбинира бојлер со метално казанче со батерија за низок притисок, освен што ќе биде поскапо купен.

Ризик (не којзнае колкав) е да се комбинира бојлер со метално казанче со батерија со 2 црева (висок притисок) ако во кујната нема топсифон, згора ако е нискомонтажно.
Ако е високомонтажно, обично е над лавабо па дали со или без сигурносен вентил, голем дел од водата што ќе истекува ќе заврши во лавабото.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11063
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1598 на: 08 Јануари 2021, 21:34:13 pm »
Каков беше клаберскиот заклучок за бојлер за купатило?
Што е најразумен избор за понатамошно сервисирање?

Дали ако гледам 100л (сега е 80л ама си треба повеќе) треба да внимавам на нешто посебно?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1599 на: 08 Јануари 2021, 21:41:30 pm »
Шо и да купиш ќе се заебеш ;D

Шала на страна, на секој различно им се погодува. Кај мене до сеа ниту еден Аристон нема цркнато. Кај некој обратно. 8 препорачува Горење. Некој препорачува ТИНГ Инокс.
Ја знам само дека тие со инокс казан се подолготрајни од аспект на чистење на бигорот, за разлика од емајлираниве. Али у СК се знае, чистење бигор на 2 години.

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 447
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1600 на: 08 Јануари 2021, 21:44:26 pm »
Дечки имам ваков шпорет германски е и ми се скрши едно копче, не работи + за зголемување температура.
Ме интересира дали може да се најде некаде резервно копче.
Фурната и плотната одат заедно да беа посебно ќе земев само фурна, а не ми се менува комплет.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11063
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1601 на: 08 Јануари 2021, 21:48:15 pm »
Шо и да купиш ќе се заебеш ;D

Шала на страна, на секој различно им се погодува. Кај мене до сеа ниту еден Аристон нема цркнато. Кај некој обратно. 8 препорачува Горење. Некој препорачува ТИНГ Инокс.
Ја знам само дека тие со инокс казан се подолготрајни од аспект на чистење на бигорот, за разлика од емајлираниве. Али у СК се знае, чистење бигор на 2 години.

И јас имам лошо искуство со Аристон, така да би ги одминал 🙂

Бош што бојлери се, гледам ги има повеќе врсти во Нептун?

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1602 на: 08 Јануари 2021, 22:15:31 pm »
Јас сум задоволен корисник на TING Инокс, и дефинитивно ја препорачувам фирмата, ма да не знам колку ти е релевантна информацијата, со оглед на тоа што во Прилеп ни се монтирани таквите бојлери, па тврдоќата на водата е друга.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6004
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1603 на: 08 Јануари 2021, 22:35:28 pm »
Тинг и јас користам,задоволен,пред тоа Леов (катастрофа),пред тоа Хит исто задоволен.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1604 на: 08 Јануари 2021, 22:46:18 pm »
Има инокс и од другкте бољери.нептун се најефтини на тинг. Тинг се општо најефтини, а разликата е во тоа шро кај другите плаќаш царинаи такви работи. Парновод ср исто така добри, слични се со тинг и по цена и по квалитет. Исто се македонски. Да се пушто на 60 и на 80 степени прави  голема разлика во бигор фаќањето и во долговечноста на експлоатација. При секое отварање обавено проверка на магнезиумова анода. 200 денара, а и најлошиот бољер со неа ќе трае доста долго.
Ако имш инсталација проточен.