Си ги прочитав постовите и увидов дека и јас не сум се доизразил како што треба па еве сега да се оправам.
Батерии со 2 црева (висок притисок) наоѓаат примена во куќи каде што има централен бојлер и соодветна инсталација, односно во ѕидот има 2 цевки, една за ладна, друга за топла вода, и на нив се приклучуваат батериите.
Порано кај нас 2 цевки се поставуваа само во купатило каде се наоѓа бојлер за бањање, но до кујна се поставуваше само една цевка, доводна.
Бојлерот и батеријата во купатилото се приклучени на доводна цевка од која се снабдуваат со ладна вода. Од бојлерот топлата вода излегува во втората цевка на која исто така е приклучена батеријата.
При загревање на водата расте притисокот кој единствено може да се шири преку доводот. За тоа да се спречи се поставува на влезот за ладна вода на бојлерот неповратен вентил на кој се наоѓа и сигурносен вентил преку кој ќе истекува водата во случај на дефект на термостатот. Топсифонот ќе ја прибере истечената вода и нема да дојде до поплава.
Поради неповратниот вентил водата во бојлерот е под поголем притисок од притисокот во водоводната мрежа.
Батерии со три црева (низок притисок) наоѓаат примена во простории каде нема довод од централен бојлер, односно се приклучуваат на сопствен бојлер, и каде нема топсифон. Преку батеријата истекува водата во лабаво доколку се појави вишок притисок дали при нормално загревање или дефект на термостатот.
Тука доаѓаме до бојлерите кои можат да бидат со пластично или метално казанче.
Тие со пластичните казанчиња при поголем притисок + температура може да дојде до попуштање на казанчето па затоа се комбинираат со батерии за низок притисок, односно 3 црева. Оттука и називот нископритисочни бојлери, но сепак се соочуваат со притисок не повисок од притисокот на водоводната мрежа.
Поевтини се и затоа се популарни за комбинација со батерии за низок притисок.
Од друга страна нема никаква пречка да се комбинира бојлер со метално казанче со батерија за низок притисок, освен што ќе биде поскапо купен.
Ризик (не којзнае колкав) е да се комбинира бојлер со метално казанче со батерија со 2 црева (висок притисок) ако во кујната нема топсифон, згора ако е нискомонтажно.
Ако е високомонтажно, обично е над лавабо па дали со или без сигурносен вентил, голем дел од водата што ќе истекува ќе заврши во лавабото.