Автор Тема: Совет за бела техника  (Прочитано 642633 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1290 на: 01 Октомври 2020, 19:48:59 pm »
Дали може некој да предложи квалитетен бојлер за во бања, за четиричлено семејство? Имав Аристон (100 литарски) и Bosch (80 литарски), кои се покажаа доста лошо, особено Bosch-от кој го имам неполна година. Моментално како најдобра опција ми се чини нешто со помала литража (околу 50 литри) и посилен грејач од 2 kW. Дајте предлози, по можност да се базираат на ваши лични искуства или искуства од ваши блиски луѓе. Секоја опција ќе биде земена во предвид, без разлика на цената.

Проточен ?

И јас гласам ЗА.

Дај ги тие повеќе пари на почеток.
После тоа, секој ден ќе си благодарен. :)

САМО: ако е доволно лесно да доведеш трофазен кабел.
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55352
  • Махер
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1291 на: 01 Октомври 2020, 20:08:50 pm »
Доаѓа Блек Фрајдеј, а има Миеле претставништво кај нас кое добива добри цени за дента од 30% попуст за секој Блек Фрајдеј, барем до сега.

Кој разбра, разбра. Кој не повеќе среќа наредна година.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9241
  • Пичлеме
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1292 на: 01 Октомври 2020, 20:30:26 pm »
Дени, за бољер првенствено е муабетот, не за Бугати :)

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1904
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1293 на: 01 Октомври 2020, 22:38:47 pm »
Бојлер пред 5-6 год земав на Feroli Италиански заедно со парното кога го ставав,до сега перфект работи плус доста долго ја задржува водата топла за разлика од другиот бојлер на кончар што го имав.....

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4734
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1294 на: 02 Октомври 2020, 10:50:05 am »
За наша вода до сега најдобро се покажува Горење. Мејд ин Србија.
Купи си 80л и терај со години.

Ни леов, ни аристон ни ништо.

После 5-6 години користење на Леов (во Скопје) и сменети 5-6 греачи, конечно се осветив и купив Горење, и го имам веќе можеби 2 години. До сега никакви проблеми, те еднаш рикна осигурачот што го има внатре и го сменија, под гаранција, но се друго е во ред. Земав 50 литри, кај моите ист земавме, само 80 литарски и исто кај нив нема мука.

Јас морам да се корегирам, а ме потсети последниот пост кога се спомна Кончар. Значи, се работи за Кончар, а не за Горење. Кончар се двата бојлери кои ги земавме и сме задоволни до сега. Се извинувам за ненамерната грешка.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7272
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1295 на: 02 Октомври 2020, 11:17:14 am »
Јас имам Аристон, моделот што е кко правоаголник и може да биде поставен хоризонтално и вертикално. Деклариран као 80 а всушност е 66 литри. Го користиме активно 4 години, еднаш е чистен од бигор минатата година бидејќи почна да дава грешки заради сензорот. После чистење на бигор, чинеше околу 2500 од овластениот. Маана му е што е емајлиран али нека истера уште толку и доволно е. Има од нив и модел со инокс али тие се 300е,овој беше 200.

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1296 на: 05 Октомври 2020, 00:14:28 am »
Фала ви на сите за предлозите. Заборавив да спомнам дека не сум заинтересиран за проточен бојлер, туку за класична варијанта.

Дали некој имал искуство со грејачи од 3 kW? Има ли некоја причина да не одам на таа опција? Ми се чини дека грејач од 2 kW е некако слаб за бојлер со поголема запремнина од 50 литри.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9592
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1297 на: 05 Октомври 2020, 07:07:18 am »
Jas mislam za protoce  treba neshto okolu 9kw da imash ako sakash ubava topla voda.

2kw e za vo kujna

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7439
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1298 на: 05 Октомври 2020, 07:31:54 am »
По некоја логика поголем грејач побрзо ќе ја стопли водата.

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1039
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1299 на: 05 Октомври 2020, 08:17:07 am »
Јас имам 200 литарски бољер Tatramat со 1.5KW греач,  го користам 8 години и до сега еднаш е чистен од бигор, тогаш кога му менував греач и гумица, водата ја грее за 20 минути и долго време ја задржува топла. Најдобар бољер што досега сум го имал.
Ако најдеш од овој бренд не му ја мисли.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11903
  • Архитект
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1300 на: 05 Октомври 2020, 10:08:32 am »
Jas mislam za protoce  treba neshto okolu 9kw da imash ako sakash ubava topla voda.

2kw e za vo kujna

Да те корегирам малку.
Проточен е 17-20Kw
Мал проточен за во кујна е околу 5Kw

Јас имам 200 литарски бољер Tatramat со 1.5KW греач,  го користам 8 години и до сега еднаш е чистен од бигор, тогаш кога му менував греач и гумица, водата ја грее за 20 минути и долго време ја задржува топла. Најдобар бољер што досега сум го имал.
Ако најдеш од овој бренд не му ја мисли.

За во Скопје тој бољер или друг град?

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1039
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1301 на: 05 Октомври 2020, 11:17:47 am »
Да да во Скопје.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9592
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1302 на: 05 Октомври 2020, 11:39:54 am »
Vo pravo si @osmica8 jas onaka tresnav od rakav.

Za taa sila i instalacija treba da si proverish dali mozes tolkava moknost da koristish. Sepak vo gradba e planirano edno a protocniot si bara mnogu moknost

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1303 на: 05 Октомври 2020, 12:10:08 pm »
Монофазните одат некаде до 9kw мислам, затоа се користат во кујна,
ако сакаш во бања, има 18-21-24kw и сите се произведуваат трофазни - тука е бељата со инсталацијата :)

А инаку, прави мадафакери.
Еве, 6 месеци користам еден Stibel Eltron.
Секој ден се користи, тројца сме металци дома со долги коси :))
Последната сметка за струја 1380 денари (Откако поскапе струјата + вброено аспиратор, машина за садови, алишта и сите други тракатанци)
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11903
  • Архитект
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1304 на: 05 Октомври 2020, 12:14:59 pm »
Добар бренд си одбрал.
Би требало да тера со скопска вода.