Автор Тема: Совет за бела техника  (Прочитано 642575 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2950
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1275 на: 03 Август 2020, 17:28:48 pm »
Сега ја пуштивме новата машина за перење (претходно извадени блокаторите - штрафови), прва програма за чистење на барабанот но водата не се испразни од брабанот, после пробав со програмата за цедење/празнење на водата (spin & drain) но водата не се празни....цревото за одводот не е превиткано и е на соодветна висина од 70 цм (треба мин 40 и макс 100 ),да не има уште некој блокатор за одвод на водата или нешто друго што пропуштам? Благодарам

Едит: Тој што ми ја пуштил пералната не ја извадил штопната од цревото за одвод на водата, среќа не сме ја форсирале машината да ја испушти со водата.
« Последно менување: 06 Август 2020, 13:21:04 pm Filip MK »
Своерачен потпис ;)

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1276 на: 01 Октомври 2020, 13:38:13 pm »
Дали може некој да предложи квалитетен бојлер за во бања, за четиричлено семејство? Имав Аристон (100 литарски) и Bosch (80 литарски), кои се покажаа доста лошо, особено Bosch-от кој го имам неполна година. Моментално како најдобра опција ми се чини нешто со помала литража (околу 50 литри) и посилен грејач од 2 kW. Дајте предлози, по можност да се базираат на ваши лични искуства или искуства од ваши блиски луѓе. Секоја опција ќе биде земена во предвид, без разлика на цената.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7460
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1277 на: 01 Октомври 2020, 13:44:19 pm »
Дали може некој да предложи квалитетен бојлер за во бања, за четиричлено семејство? Имав Аристон (100 литарски) и Bosch (80 литарски), кои се покажаа доста лошо, особено Bosch-от кој го имам неполна година. Моментално како најдобра опција ми се чини нешто со помала литража (околу 50 литри) и посилен грејач од 2 kW. Дајте предлози, по можност да се базираат на ваши лични искуства или искуства од ваши блиски луѓе. Секоја опција ќе биде земена во предвид, без разлика на цената.

Проточен ?

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 279
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1278 на: 01 Октомври 2020, 14:32:16 pm »
Дали може некој да предложи квалитетен бојлер за во бања, за четиричлено семејство? Имав Аристон (100 литарски) и Bosch (80 литарски), кои се покажаа доста лошо, особено Bosch-от кој го имам неполна година. Моментално како најдобра опција ми се чини нешто со помала литража (околу 50 литри) и посилен грејач од 2 kW. Дајте предлози, по можност да се базираат на ваши лични искуства или искуства од ваши блиски луѓе. Секоја опција ќе биде земена во предвид, без разлика на цената.

Единствен логичен избор од нашиов пазар ти е Ting inox  ги имаш во нептун, даваат гаранзија на казан од 20 год со дирекна замена, имаат ок изолација, останатите делови како греачи, термостати, електроника се со сличен квалитет( и лесно заменливи) како кај останативе мак произведувачи, само немој Леов  и остали срања.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11903
  • Архитект
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1279 на: 01 Октомври 2020, 15:09:54 pm »
За наша вода до сега најдобро се покажува Горење. Мејд ин Србија.
Купи си 80л и терај со години.

Ни леов, ни аристон ни ништо.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1280 на: 01 Октомври 2020, 15:20:40 pm »
Еднаш годишно да се чисти од бигор, нема друго чаре.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4734
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1281 на: 01 Октомври 2020, 16:49:50 pm »
За наша вода до сега најдобро се покажува Горење. Мејд ин Србија.
Купи си 80л и терај со години.

Ни леов, ни аристон ни ништо.

После 5-6 години користење на Леов (во Скопје) и сменети 5-6 греачи, конечно се осветив и купив Горење, и го имам веќе можеби 2 години. До сега никакви проблеми, те еднаш рикна осигурачот што го има внатре и го сменија, под гаранција, но се друго е во ред. Земав 50 литри, кај моите ист земавме, само 80 литарски и исто кај нив нема мука.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6427
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1282 на: 01 Октомври 2020, 17:57:06 pm »
Горење мислам уопште не постојат само името остана.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9241
  • Пичлеме
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1283 на: 01 Октомври 2020, 18:19:54 pm »
Горење постои, само се купени од Хајсенс. Исто Јагуар и Ландровер постојат, само се купени од ТАТА. Исто и Волво постои... ама кинески се, Geely Holding Group ги купе... фушарија :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20897
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1284 на: 01 Октомври 2020, 18:32:22 pm »
Да бидам искрен, јас бев еден од тие што се’ уште верува во Горење, ама откако ми доставија два фалични апарати (со фабричка грешка), ги отпишав засекогаш.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9241
  • Пичлеме
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1285 на: 01 Октомври 2020, 18:39:03 pm »
Е тоа не знам, муабетот ми беше дека постојат. Сеуште има производство во Словенија. Има и во Србија (фрижидерите ми се чини во Србија се произведуваат)...
А како се со квалитет сега не знам, ама некако ми е увртено дека сеуште имаат по нешто што си ја брка работата, пресметано цена-перформанси.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1286 на: 01 Октомври 2020, 19:33:25 pm »
За наша вода до сега најдобро се покажува Горење. Мејд ин Србија.
Купи си 80л и терај со години.

Ни леов, ни аристон ни ништо.

После 5-6 години користење на Леов (во Скопје) и сменети 5-6 греачи, конечно се осветив и купив Горење, и го имам веќе можеби 2 години. До сега никакви проблеми, те еднаш рикна осигурачот што го има внатре и го сменија, под гаранција, но се друго е во ред. Земав 50 литри, кај моите ист земавме, само 80 литарски и исто кај нив нема мука.
Знам дека е ш класа на квалитет, ама Леов вертикален 80Л мака нема пуни 3 години. Иначе брзо се лади водата и е прилично бучен ама дур тера не го пипам.

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 834
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1287 на: 01 Октомври 2020, 19:34:37 pm »
Дали може некој да предложи квалитетен бојлер за во бања, за четиричлено семејство? Имав Аристон (100 литарски) и Bosch (80 литарски), кои се покажаа доста лошо, особено Bosch-от кој го имам неполна година. Моментално како најдобра опција ми се чини нешто со помала литража (околу 50 литри) и посилен грејач од 2 kW. Дајте предлози, по можност да се базираат на ваши лични искуства или искуства од ваши блиски луѓе. Секоја опција ќе биде земена во предвид, без разлика на цената.

Parnovod Bitola. Dozivotna garancija na kazan. Imam 2 kupeni od 2000 god. Isti kako prviot den.

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9241
  • Пичлеме
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1288 на: 01 Октомври 2020, 19:39:23 pm »
Исто, кај моите во Битола има таков, појма неам колку години. Ама проблемот овде во Скопје е со водата полна со бигор, варовник и што знам што... со оваа вода слободно можи да се малтари, да е финосва, не мора вар да се става :)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11903
  • Архитект
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1289 на: 01 Октомври 2020, 19:41:31 pm »
Не се зема се од Горење.
Се земаат само одредени производи.

Словенски и српски.