Дали може некој да предложи квалитетен бојлер за во бања, за четиричлено семејство? Имав Аристон (100 литарски) и Bosch (80 литарски), кои се покажаа доста лошо, особено Bosch-от кој го имам неполна година. Моментално како најдобра опција ми се чини нешто со помала литража (околу 50 литри) и посилен грејач од 2 kW. Дајте предлози, по можност да се базираат на ваши лични искуства или искуства од ваши блиски луѓе. Секоја опција ќе биде земена во предвид, без разлика на цената.