Ви благодарам на сите за предлозите! Оној од Топ шоп имал доволно сила, само што стварно е огромен предмет, и поради распоредот на просторот во кој живееме ќе мора да го чуваме во комшии.

Ова што го предложи Севиџ го имале пријатели, кои чинам се задоволни од него. Хепа филтер има, влече, издувниот воздух мириса на чисто (иако цел ден усисивавме прашина од иверици и медијапани со усисивачот кога монтиравме кујна кај пријателите), али тоа госпожа мајка треба да пресече. Јас и со постоечкиот усисивач запињам и си влече, ама чим не е задоволна жената, џабе да се убедуваме.
Од Керхер/Кархер/Карчер (како и да се вика) ги контактирав, да ми пратат каталог што имаат на располагање. Исто ми текна да отворам каталог и на фирмата што порано беше WAP, чинам Nilfisk се вика сега, ама моделите се малку гломазни и се сомневам дека би ги собрало во просторот дедициран за усисивач.
Иначе, за водата се сосема во право, ја разбирам логиката. Стоена (полупрљава) вода се усмрдува, и чистењето станува контрапродуктивно. Ќе пренесам и тоа, да се подразмисли поубаво.
