Автор Тема: Formula 1 - Season 2015  (Прочитано 127766 пати)

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #585 на: 15 Октомври 2015, 17:01:07 pm »
Симо, јасно ми е тоа, ама скоро невозможно беше да отстапи, последен круг беше и отиде на се или ништо. Од друга страна, Ботас да пратеше позади него како што треба што се дешава и да напраеше рационален потег, немаше да испадне од трката на пола круг до крај, туку ќе си беше или 3ти или 4ти, пошто големи беа шансите Кими широко да ја фати кривината, па Ботас да си ја врати позицијата. Вака, Ботас остана со ку... овај воланот у руки, а Кими си лапна некое поенче.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #586 на: 15 Октомври 2015, 17:34:00 pm »
А бе и ја кажав уште после трка одма, го разбирам чоекот иако и де факто и де јуре е крив :)

Raikonnen си беше крив, ама го разбирам. И јас би ја искористил последната шанса - по секоја цена.


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #587 на: 15 Октомври 2015, 22:11:07 pm »

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #588 на: 16 Октомври 2015, 23:17:40 pm »







Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #589 на: 20 Октомври 2015, 10:38:41 am »

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #590 на: 20 Октомври 2015, 11:07:00 am »
2.5 v8 turbo........ доволно за забава.

Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 311
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #591 на: 20 Октомври 2015, 15:14:06 pm »
Враќање на V10-ките 3.0l
+turbo
+ERS&DRS
+slick tyres
+refuel

Дечиштата Сајнц/Верстапен сум сигурен дека сами ќе избегаат од таков 1500hp+ ѕвер.  ;D



Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #592 на: 20 Октомври 2015, 21:30:20 pm »








Враќање на V10-ките 3.0l
+turbo
+ERS&DRS
+slick tyres
+refuel

Дечиштата Сајнц/Верстапен сум сигурен дека сами ќе избегаат од таков 1500hp+ ѕвер.  ;D

Попрво тие што се пред пензија ќе избегаат одколку Верстапен. Какви храбри маневри има направено оваа сезона, многу немаат изведено во цела кариера.
« Последно менување: 20 Октомври 2015, 21:42:16 pm Vasil »

Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 311
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #593 на: 21 Октомври 2015, 13:18:51 pm »
^

"Aggresive cars, wide big wheels, huge wings, 1200hp engines and no kid would be able to do it"  :'(

Ама што знае некојси Ники Лауда за Ф1.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #594 на: 21 Октомври 2015, 13:51:22 pm »
НЕМА НОВИ МОТОРИ ВО БЛИСКА ИДНИНА, РАЗВОЈОТ НА ПЕ ЗА ЦЕЛА 2016 СЕЗОНА Е ДОГОВОРЕН!!!




Производители на Формула 1 Погонски Единици и ФИА се согласија да се дозволи нивни развој и низ 2016 сезоната. Според досегашните прописи износот на токени кои тимовите го имаа на располагање за развој на своите ПЕ требаше да се намали од 32 оваа, на 25 за следната сезона. Исто така, хомологацијата на ПЕ требаше да биде направена на крајот на Февруари, 2016 година, што значеше дека сите Ф1 тимови треба да ги користат 2016 спецификациите на ПЕ.

По состанокот во Женева, на кој присутвувале раководителите на Мерцедес АМГ, Ферари, Рено и Хонда, заедно со високи претставници на ФИА, вклучувајќи го и претседателот Жан Тод, едногласно се согласиле да не ги заоструваат прописите. Износот на достапни токени ќе остане на 32, а областите кои што требаше да бидат забранети за развој, како горен/долен картер, воѓици на вентили, брегастите осовини, остануваат отворени да се развиваат и понатаму.

Оваа одлука е од клучно значење за Хонда и Рено со оглед на тоа што овие тимови се соочуваат со најголеми проблеми, кои никако не можат да ги решат. Тоа значи дека не треба ниту да брзаат да ги развиваат своите ПЕ во текот на следните четири и пол месеци, а тие сега ќе бидат во можност да работат на идните проблеми во текот на сезоната, наместо да не бидат во можност да ги стигаат Мерцедес и Ферари ПЕ.

Целта на состанокот во Женева било да се утврдат повеќе услови за еднаквост на сите четири производители на ПЕ за 2016 година, но, исто така, и на подолг рок. Во сетоа ова активна улога одиграл Жан Тод, Претседателот на ФИА.

Откажано е правилото кое велеше дека производителите на ПЕ нема да можат да ги снабдуваат своите купувачи со постарите спецификации на своите ПЕ. Ова ќе овозможи Торо Росо да може да ги користи 2015 Ферари ПЕ за следната сезона и заживување на партнерството кое траеше од 2007-2013 година.

Сите предлози треба да бидат потврдени од страна на Комисијата на ФИА за Ф1, што се очекува да биде чиста формалност, пред да го помине и последниот чекор кон полноважноста, заверка од страна на Светскиот Совет за Мотоспорт на својата завршна средба на почетокот на месец Декември.

Најважно од се, според новинарите на Аутоспорт, кои се блиски до челниците на сите Ф1 тимови, но и ФИА, се дознава дека во блиска иднина нема да има алтернативен мотор. Берни Еклстоун шпекулираше дека се разгледуваа опции за замена на сегашните 1,6-литарски V6 турбо хибридни системи, но од тоа нема ништо. Прифатено било дека одржливоста и стандардизиран мотор е клуч за иднината на помалите тимови, па така не ни се помислило да се прави смена на мотори во блиска иднина.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #595 на: 22 Октомври 2015, 00:41:45 am »
"Aggresive cars, wide big wheels, huge wings, 1200hp engines and no kid would be able to do it"  :'(

Ама што знае некојси Ники Лауда за Ф1.

Прво, он си е пензионер, гледа со носталгија на својата младост кога возел такви машини и мисли дека никој освен неговата генерација не знае да вози така.

Второ, од таа генерација ниту еден не е сеуште активен возач во Ф1, така да ни Батон ни Маса немаат искуство со такви болиди.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6437
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #596 на: 22 Октомври 2015, 13:37:27 pm »
Ќе врни Америка овој викенд, и би требало нешто поинтересна трката да биди.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #597 на: 22 Октомври 2015, 17:11:32 pm »
Нормално дека ќе биди, Рено ќе излезат со пола нов мотор  :) Ќе ги видиме Ред Бул кукајците дали пак ќе кукаат или ќе се извинат.

Отсутен Ученик

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 525
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #598 на: 24 Октомври 2015, 21:46:32 pm »
Во Остин слушнав Арки ке им давале за квалификацииве м?

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #599 на: 25 Октомври 2015, 00:24:21 am »
Да бе. Кормило ќе им ставеле кај дифузерот. ;D



Квалификациите се одложени за 15:00 во едела по наше време. Трката си останува во 20:00.



Што убави бои на врвот...

Возачите на Ферари ќе добијат казна од 10 позиции на стартот, поради користење на петти мотор.