Автор Тема: Formula 1 - Season 2015  (Прочитано 127765 пати)

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #555 на: 27 Септември 2015, 19:56:49 pm »

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #556 на: 01 Октомври 2015, 10:18:39 am »
Светскиот Совет на ФИА за Мотоспорт го ратификува ревидираниот календар за 2016 Ф1 сезоната, во кој има голем број на промени од оригиналната верзија, која беше објавена во Јули.

Вкупно осум трки има нови датуми, Австралија, Кина, Бахреин, Британија, Азербејџан, Унгарија, Малезија и Мексико. Почетокот на сезоната, т.е. Австралиското Гран При е преместено за 20-ти Март, а организаторите на трката официјално ја потврдија веста на нивната веб страна.

Ова создава нови логистички главоболка за тимовите, кои сега мора да ги променат нивните развојни планови, конструкцијата на болидите, crash тестовите и.т.н.

Формула 1 календар за 2016 гопдина

20 Март Австралија
03 Април Бахреин
17 Април Кина
01 Мај Русија
15 Мај Шпанија
29 Мај Монако
12 Јуни Канада
19 Јуни Азербеџан
03 Јули Австрија
10 Јули Британија
24 Јули Унгарија
31 Јули Германија (Хокенхајм)
28 Август Белгија
04 Септември Италија
18 Септември Сингапур
02 Октомври Малезија
09 Октомври Јапонија
23 Октомври САД
06 Ноември Мексико
13 Ноември Бразил
27 Ноември Абу Даби

За 2016 година, сите болиди мора да имаат посебна и единствена издувна цевка (ауспух) низ која мора да поминуваат сите издувни гасови. Оваа мерка е преземена за да се зголеми бучавата од болидите, без влијание на моќноста на ПЕ или емисијата на штетни гасови.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #557 на: 01 Октомври 2015, 14:40:55 pm »
Цитат
За 2016 година, сите болиди мора да имаат посебна и единствена издувна цевка (ауспух) низ која мора да поминуваат сите издувни гасови. Оваа мерка е преземена за да се зголеми бучавата од болидите, без влијание на моќноста на ПЕ или емисијата на штетни гасови.

Кај се сега паметњаковците да не убедуваат дека звукот нема врска со доживувањето?
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #558 на: 01 Октомври 2015, 15:05:37 pm »
За 2017та ќе ги остават без турбини надежно. :D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #559 на: 01 Октомври 2015, 15:56:09 pm »
Кај се сега паметњаковците да не убедуваат дека звукот нема врска со доживувањето?

А-у? Кој и кога рекол дека „звукот нема врска со доживувањето“?

На форумов не сум приметил некој да одвали таква глупост. Те молам дај ми линк до таква некоја изјава да му се изнасмеам.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #560 на: 01 Октомври 2015, 16:54:50 pm »
Пошто ти сам се пријави, а не дека си единствен, ги има доста особено во темата бензин ВС дизел.  ;)


Само на мене овој звук ми е иритантен? Вака ако ми брчи колата ќе го убацам две брзини поогоре само за да подзаќути.

А сега, пукајте братучеди, ја више сум у фетална поза со двете руки преку глава  :P

Zaedno..


звукот на нередовниот секс

Иако овие два звука немаат ни приближно јачина како тоа што се бара во Ф1.

Мислам...  ::)
Зошто в8 би бил подобар за... Стелвио... од електричен мотор со суперлинеарен вртлив момент?
« Последно менување: 01 Октомври 2015, 17:09:49 pm Simo - Carrier159 »
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #561 на: 01 Октомври 2015, 17:07:34 pm »
Џабе брзина без звук ..

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #562 на: 04 Октомври 2015, 11:09:20 am »
Пошто ти сам се пријави, а не дека си единствен, ги има доста особено во темата бензин ВС дизел.  ;)

И ти во она цитираното успеа да прочиташ „звукот нема врска со доживувањето“?

Брат, појма неам шо чудо е тоа и сакам да пробам, али ти мораш да намалиш со дозата.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #563 на: 04 Октомври 2015, 11:28:04 am »
Леле леле леле. Филозофии до бесвест у најава.
Неможев да го цитирам ова директно, заклучена е темата, ај оди кажи им го ова на тие у Ф1, ова е твоја изјава:

Цитат
Тогаш си повеќе фанатик по звукот отколку што си фанатик по ф1.

Имаш и други тркања со „усисивач-мелница за кафе“ звук, не е само поранешната ф1, глеј ги тие. Јазик


како одговор на ова:
Цитат
Мене како Ф1 фанатик ми пречи само звукот, не ми се верува дека повеќе не гледам формула. Последниве 30 години ( од 39 ) трка немам пропуштено.


И само една година покасно Ф1 реагира бидејќи е огромно незадоволството на публиката:

Цитат
За 2016 година, сите болиди мора да имаат посебна и единствена издувна цевка (ауспух) низ која мора да поминуваат сите издувни гасови. Оваа мерка е преземена за да се зголеми бучавата од болидите, без влијание на моќноста на ПЕ или емисијата на штетни гасови.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #564 на: 04 Октомври 2015, 11:31:55 am »
Леле леле леле. Филозофии до бесвест у најава.
Неможев да го цитирам ова директно, заклучена е темата, ај оди кажи им го ова на тие у Ф1, ова е твоја изјава:

Цитат
Тогаш си повеќе фанатик по звукот отколку што си фанатик по ф1.

Имаш и други тркања со „усисивач-мелница за кафе“ звук, не е само поранешната ф1, глеј ги тие. Јазик

:)

И каде бе цаци тука читаш „звукот нема врска со доживувањето“ леба ти?

тоа што некој конкретен звук не ми се свиѓа не значи дека звукот воопшто немал врска со доживувањето. Бреее морало све со цртање....

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #565 на: 04 Октомври 2015, 11:38:21 am »
Терај си, немам време за глупости.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #566 на: 04 Октомври 2015, 11:41:17 am »
Терај си, немам време за глупости.

Ееее, арно ти текна, ама требаше да се сетиш пред да го напишеш брилијатно суперинтелигентниот « Одговор #557 пратен на : Октомври 01, 2015, 14:40:55 », а не сега...

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #567 на: 04 Октомври 2015, 12:50:00 pm »
Незнамш што е ново за 2016, кога и досега издувот одеше низ една цевка.






Цитат
За 2016 година, сите болиди мора да имаат посебна и единствена издувна цевка (ауспух) низ која мора да поминуваат сите издувни гасови. Оваа мерка е преземена за да се зголеми бучавата од болидите, без влијание на моќноста на ПЕ или емисијата на штетни гасови.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #568 на: 04 Октомври 2015, 12:59:30 pm »
Ќе видиме кога ќе ја направат по што ќе биде посебна. Битно дека се свесни за глупостите.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Formula 1 - Season 2015
« Одговори #569 на: 04 Октомври 2015, 14:39:14 pm »
Лош ви е преводот. Еве го оригиналот.

Цитат
From 2016, all cars must have a separate exhaust wastegate tailpipe through which all and only wastegate exhaust gases must pass. This move will not have any significant effect on power or emissions.
https://www.formula1.com/content/fom-website/en/latest/headlines/2015/9/f1-2016-calendar-revised-cars-louder.html