Многу плачипичкарски станаа сите спортови, у фудбал и баскет се глуми, у мотоспортов се кенка да те пуштат напред, ретко има јаки дуели како порано.
Околу ситуацијава со Кими и Ботас, сите рипнаа да го напаѓаат Кими, а ако подобро ја разгледате снимката, ќе видите две работи:
1. Не може кога некој ти врши притисок и ја браниш позицијата да ја бркаш идеалната тркачка линија и да глеаш да го погодиш апексот во кривината.
2. Кими пошото имаше по свежи гуми проба да го фати на кочење, нешто што Рикиардо често го правеше во неговите маневери при претекнување, арно ама Ботас очигледно си мислел дека чим не го фати на правецот, нема друго место на патеката каде што може да биде претекнат.
Да, поголемиот дел од кривицата е кај Кими, ама се кладам и дека Ботас не пратеше позади него онака како што треба во случај кога брани позиција.
Еве онборд видео од кокпитот на Кими, каде убаво се гледа како Ботас си ја брка тркачката линија, притоа оставајќи му отоврена врата на Кими.