Дечки, јас како корисник на Пасат од претходната генерација, имам само пофални зборови. Од Пассатот може само да бидам задоволен. Вожња, перформанси, комфор, потрошувачка - со 140 кс константно те забрзува до 210 во сите степени на пренос. Пасатот е таков дизајн, по мое мислење, што или го сакаш или не. Самата информација дека е најпродаван во МК со над 50% учество во класата покажува колку ние се навлекуваме на Пасат. Новиот Пасат е слаткиш. Убав надворешен дизајн - нов напред, помалку нов позади. Внатре лепота, комфор до макс дури и со обични седишта. Е сега за цената, мислам дека ќе може за 25-26.000 евриња да се добие 150 кс со солидна опрема - за тестираната верзија, мислам дека и не е дизајнирана со неа Волксваген да ги урива БМВ или Ауди или Мерцедес, направен е од престиж и за луѓе кои сакаат нешто поразлично.