Башка - меракот да одам да потрошам некое литро бензин, чисто онака - да се повозам? Нели сме автомобилски ентузијасти?
Мене возењето низ град, 1км до бензинска, или 500метра до продавница воопшто не ми претставува задоволство.
Ако не излезам на отворено, и возам со брзина поголема од 2-ра, повеќе на нерви ме мава одошто на мозочниот дел за задоволство.
Инаку возење за џабе од мерак, според мене е оправдано, можи да се загадува во овој случај.
Да живеев Охрид, многу мерак ми прави, од Охрид - Буково патот, мазен дупка нема, убави кривини, а престигнувањето на автобус од Транскоп
или камион од комуналец вистински предизвик ми претставува, можеби не можиш да загиниш, ама не знаеш кој будала ќе излези од следната кривина.
Добро сега вие со 200 коња, само 50 метра што ви требаат...