Секогаш се можи без кола, и 90% е луксуз, а тие 10% се оние случаеви кога навистина човек не можи без неа.
До пред 3 години ние немавме никаква, па арно ни беше со автобус (на 40мин едно време имаше), или такси.
Се свршувавме, е сега можи повеќе уморени од торби, водени во патиките, чизмите дома си идевме, ама не умревме.
Положив за кола на 21 година, а кола немав, ама нека си течи искуството...
И еве денес, кола имаме, и ги вршиме истите срања од тогаш, само што поголем луксуз имаме, не дека не можиме без неа.
А брачедми до продавница 400метри исклучиво со кола оди.
На подалечниот комшија жена му, ја мрзи 10 мин до дома пешки од постојка да си дојди. Го пали мерцедесот од 93-та да ја земи.
Дечињата сами со другарчињата можат пешки до училиште да појдат. Не е Ирак ова.