Автор Тема: Цивкање и звуци од подвозјето  (Прочитано 4895 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Цивкање и звуци од подвозјето
« на: 03 Ноември 2014, 11:44:20 am »
Пред некоја недела мењав гумици на баланс-штангла напред, ама откако времево залади неподносливо цивкаат и крцкаат дури и на најмали нерамнини. Апла се слушаат, незгодно ми стана да возам некого у колата.

Чаре? Нови гумици?

Можно е да е нешто друго што коинцидирало со новите гумици на баланс-штангла? Како да проверам?

Тенќу.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Цивкање и звуци од подвозјето
« Одговори #1 на: 03 Ноември 2014, 11:45:36 am »
Ги подмачкаа ли новите со нешто?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Цивкање и звуци од подвозјето
« Одговори #2 на: 03 Ноември 2014, 11:46:45 am »
Не. Дур ги местеа им спомнав, ама рекоа не се подмачкувале.

Втор пат ги менувам во истиот сервис, ни првиот пат не ги подмачкуваа. Но, првиот пат не цивкаа, се беше во ред.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Цивкање и звуци од подвозјето
« Одговори #3 на: 03 Ноември 2014, 11:50:07 am »
Овластен? Не дека они се сезнајковци. Моите кога сум ги менувал редовно подмачкување со силиконска маст, мирна глава.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Цивкање и звуци од подвозјето
« Одговори #4 на: 03 Ноември 2014, 12:11:18 pm »
Сигурен ли си дека баш тие гумици цивкаат? Повеќе работи може да цивкаат. Како и да е, си повлеквит подмачкување.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Цивкање и звуци од подвозјето
« Одговори #5 на: 03 Ноември 2014, 12:12:05 pm »
Се подмачкуваат,кај 166-ката кога ги менував во кутиичката имаше и мало ќесенце со маст.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Цивкање и звуци од подвозјето
« Одговори #6 на: 03 Ноември 2014, 12:42:57 pm »
Апла се слушаат, незгодно ми стана да возам некого у колата.

Малце офтопик, ама ако тебе ти е незгодно да возиш некого во кола заради некое цифкање од подвозјето, ја што да кажам што федерите на седиштата ми се испаднати и имам ставено перничиња за да не ти се наденат во задникот ? :D


Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Цивкање и звуци од подвозјето
« Одговори #7 на: 03 Ноември 2014, 12:51:35 pm »
Фала на сите за одговорите!

Овластен?

Не, „маалски“.

Моите кога сум ги менувал редовно подмачкување со силиконска маст, мирна глава.

Мајсторов ми тврдеше дека подмачкувањето ќе ги смени својствата на гумата и дека гумици у принцип не се подмачкуваат. Му верував на збор како на постручен од мене.

Сигурен ли си дека баш тие гумици цивкаат?

Не. Единствените две индикации дека е до нив се:

1. Звукот доаѓа од напред
2. Појавата на звукот горе-долу коинцидираше со нивното менување.

Повеќе работи може да цивкаат.

ОК. Ајде да видиме што сè би можело да цивка напред? Продолжи го списокот:

- гумици на баланс штангла
- гумици на виљушки
- гумици на држачи на мотор/мењач
- ...

Како и да е, си повлеквит подмачкување.

Ме убедивте. Постои некаква „каубојска“ финта тоа да се направи накнадно без растурање, или ќе мора колата да се крева и гумиците да се вадат?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Цивкање и звуци од подвозјето
« Одговори #8 на: 03 Ноември 2014, 12:55:36 pm »
Силиконска маст во шприц па да вбризгаш нај стигнеш. Тоа прво на памет ми паѓа.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Цивкање и звуци од подвозјето
« Одговори #9 на: 03 Ноември 2014, 12:59:11 pm »
Не сум ни јас до толку стручен за да знам што сè може да цивка - кај мене на Леонот „процивкаа“ едни гумици, ги сменив и цивкањето го снема. Коинцидентно, 2-3 недели после тоа, процивкаа други.

Дури отидов во Порше и почнав да се карам како тоа ми смениле гумици и пак имам цивкање. Ја дигнаа колата на дизалица, ми ги покажаа сменетите (кои си беа подмачкани) и ми ги покажаа другите тазе беа почнати со цивкање. Ги сменија и тие (и ги подмачкаа) и немаше после тоа проблеми.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Цивкање и звуци од подвозјето
« Одговори #10 на: 03 Ноември 2014, 13:30:16 pm »
не квалитетни гумици,од ладново се здрвиле и сега ќе квичат,пробај со подмачкување ако биде биде,ако не нови земи си оргинал

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Цивкање и звуци од подвозјето
« Одговори #11 на: 03 Ноември 2014, 13:34:08 pm »
Ја као искусен со цвичење, би ти препорачал да провериш убаво што е, да не менуваш други работи по грешка (како јас).

Дали е од балансштангалата е лесно да се утврди, доволно е колата да се дигне на дизалица и да се откачи од кратките спони/стабилизатори (најчесто ова е случајот) да се промрда со рака и ќе се види.

Инако постои опцијата да се пак стабилизаторите од причина дали соодветно се монтирани. За инфо, гумените не се подмачкуваат. Се подмачкуваат единствено полиутеранските.
Важно е дали убаво се стегнати гумиците во клештите и дали самата балансштангла има од претходно мрснотии, нечистотии, рѓа и сл. Ако има треба убаво да се прочисти.
Друг муабет е какви се самите гумици, јас кај мене кога ги менував од внатрешна страна имаа како текстил некој што претпоставувам служи како замена за подмачкувањето и подобро да ја држи балансштанглата.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Цивкање и звуци од подвозјето
« Одговори #12 на: 03 Ноември 2014, 15:49:37 pm »
Па и не е така лесно, ќе ја олабавиш и на „рука“ нема да цвичи зошто не е напрегната, а напрегањето баш паѓа кај гумиците, кога ќе настане денивелација на лево и десно тркало.
Инаку да, по правило зависи од гумичките дали се подмачкуваат или не. Ако не се предвидени за подмачкување, подмачкувањето (за кое се користи специјална маст за гумени делови, која не ги менува својствата на гумата), може да биде со краткотраен ефект.
Препоака, со мајсторот видете што точно чкрипи, ако се утврди  дека се гумиците, видете дали димензијата им е добра, измерете го дијаметарот на баланс-штанглата и измерете го внатрешниот дијаметар на гумиците. исчистете се` и намонтирајте повторно со повеќе внимание и љубов. :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Цивкање и звуци од подвозјето
« Одговори #13 на: 03 Ноември 2014, 16:03:49 pm »
И да дополнам, не може да се користи било каква маст. Си бара посебна маст во зависност од тоа дали  користите гума/полиутеран, односно маст која е водотпорна. Инаку за 2 месеца пак ќе се заебавате.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Цивкање и звуци од подвозјето
« Одговори #14 на: 03 Ноември 2014, 16:11:01 pm »
Јас моите гумици ги прскав со силикон спреј и прекинуваа да квичат некое време.
Пробај потопи ги тие шо мислиш дека квичат со спреј, па тестирај. Ако квичи друго, прскај таму.
Па после ќе знаеш што да смениш.