Никој не се побунил зошто доаѓаш еднаш на 3 месеци,тоа е твое право исто како и правото да си ја переш колата каде сакаш за твоите пари.
Нема зошто другите да не ми кажуваат дека не е добро завршена работата.И те како сум свесен дека има грешки и кај други возила и воопшто нема да се налутам ако некој ми го посочи тоа.Сепак се работи за рачно перење и човечки фактор е во прашање.
Многу добро знам дека работниците грешат ама во недостиг на квалитетен кадар не сум во состојба да бирам богзнае колку.
Ни на најголемиот душман не би му посакал да отвори перална и да види како е да си најдеш добри работници.