Сосема добра гејмерска машина се склапа за 700 јурци. Истата може да се користи и за работа и милион други работи.
Плус, од искуство, конзола здосадуе.
Дали таа сосема добра гејмерска машина би се носела у перформанси со конзола? Башка, дали се склапа за 700 јурци таму, или тука?

Мене еве ПС4 не ми здосадило едно 3-4 години или колку и да го имам.
Ако ти е чисто за играње ја би си земал конзола, дека е поефтино и не се замараш се додека не купиш нова конзола. Ако не сакаш да ги купиш одма најновите игри, си купуваш ПС плус за 50 евра годишно и имаш секој месец попуст на малце постари наслови и зимаш игра за 20-30 евра макс една година стара, некогаш и само неколку месеци стара.
У моментов глеам чисто за играње, пошто старото ПЦ уште ми врши работа, не гледам зашто да го мењам. Секако не се летам по најнови игри, дури и не знам колку редовно би купувал, пошо сум малце пребирлив околу игрите, не зиам нешто, чисто само колку да играм, туку сакам да ме заинтересира, да има прича и слично. Или да е нешо возење, Фифа мифа, НБА и слично, колку за тепање време.