Скијачи форумџии, имам едно прашање до вас:
- не скијам, не ни планирам да почнам, но сакам да купам панталони и јакна за скијање бидејќи малку е глупо да одам во скијачки центар и на скијачки патеки во фармерки или тренерки.
Колку пари треба да одвојам за тоа задоволство, и во која продавница да се обратам, имајќи го во предвид фактот дека облеката нема да ги трпи стресовите од паѓање? Значи не барам нешто прескапо, само да изгледа соодветно за престој во скијачки центар.