Скијачи форумџии, имам едно прашање до вас:
- не скијам, не ни планирам да почнам, но сакам да купам панталони и јакна за скијање бидејќи малку е глупо да одам во скијачки центар и на скијачки патеки во фармерки или тренерки.
Колку пари треба да одвојам за тоа задоволство, и во која продавница да се обратам, имајќи го во предвид фактот дека облеката нема да ги трпи стресовите од паѓање? Значи не барам нешто прескапо, само да изгледа соодветно за престој во скијачки центар.
Оди си по тренерки, пантолони, јакна каква што имаш, оти:
- скијачките пантолоните се безвеза, колку кај кутелот широки толку и долу, и без ски чизми изгледаат како траперки (глупо е)
- јакна не ти треба водоотпорна, ниту паѓаш, ниту пак врни горе дожд, а и ретко кога ќе те фати снег
инаку можиш планинарски пантолони да си купиш за сегде да ти се најдат, како што предложе AUUU, или ете ако сакаш и јакна убави имаш од 4F во СпортМ и Алпине во Тетово, водоотпорни 1500-3000мм/мм2, за 2-3000иљади.
Глупаво изгледаат само оние со Колмар или не знам каква опрема од 1000€ на нив кои ниту скијаат, ниту знаат да скијат, ама битно е да изгледаат топ ноч.
15000-20000 mm/m2 (g/m2/24h) му требаат само за на вилица
ЕДИТ:
Заеби Алпине центарот во тетово, ако е ова што го имаат како на вебот, тогаш ништо немаат за тебе.
Купи си 4F јакна, од СпортМ, Урбанстор, јас имам таква, не изгледам како меур, ветроотопрна и водооптопрна е до негде и диши по малку,
и не му се напумпани цените (како Саломон, Колмар, Колумбија), и сегде ја носам кога е поладно а да не изгледам како несоодветно облечен.