Фала на сите дечки

Сале,колегата твој ги работи дизелите овој е бензинец ама може ќе се најде за нешто

Спенсер тој е 518 MU,беше на ТЕ таблици,денес го земав и доби нови таблици.
Банзаи интеграта беше кај мене на перење,башка се знам со последниов газда Зоки.Бојата е интересна ама лошо е офарбана,сепак мислам дека може да се спаси ако не остане уште долго кај овој сопственик.
Ме израдува фактот што има поминато само 40тина илјади од кога го дадов иако е поприлично естетски забатален од кога го дадов ама од друга страна механички не е испуштен од раце,менувале се што требало да се менува и има документи за сето тоа.
Вчера отидов на заебанција да го видам и да го пробам,се вратив,преспав и сабајле отидов да го земам па што сака нека биде.Едноставно криво ми беше да го оставам кај тие сопственици да доуништат солидно возило.
За цената која го земав ќе требаше да земам некоја увезена скапаница на која не и ја знам историјата а на ова му ја знам до 70к па пауза па ете го пак со 104к

Имено намерата беше да најдам мало трето количе кое ќе го вози мојата идна невеста ама ова и те како мислам дека ќе врши работа.