Си купив принтер.... прв пат купувам принтер после 20 и кусур години...
Canon PIXMA MG5550. Скенер и принтер у едно. 5-и-нешто илјади од нептун.

Првите впечатоци
не се воопшто лоши, напротив, со оглед на цената очекував многу полоши резултати, особено на обична хартија. А и квалитетот на скеновите е изненадувачки добар.
Згодно е што поврзувањето е преку wifi, па нема никакво тегнење кабли или правење место на биро. Можеш да го опнеш кај сакаш низ дома, треба само струја да му донесеш.