Таблата од ети не е полска туку е словенска исто и автоматските осигурачи се словенски 
На нив пишува Made in Poland.
точно... фирмата е словенска, ама производството е кинеско а штампањето на осигурачите е во полска...
шнајдер.. фирмата е француска, производството е во бугарија...
и понатаму тврдам од лично искуство дека ети се за степен полоши осигурачи од шнајдер. искуства имам многу, кај што ети, на зададената максимална ампеража, не исклучува се додека не доспее во некои случаи и 30% повеќе... што ме повлекува да помислам дека сите тие различни амперажи се во суштина 3-4 различни осигурачи, различно одштампани (според потребите). ова го знам, бидејки работам со грејни системи кои имаат логаритам на повлекување, онака како што јас ке ги поставам и при тестирање го имам увидено ова...
ако сакате добар осигурач, купете:
-шнајдер,
-моилер,
-гејер...
ако сакате екстра луксуз во осигурачите, одврзете го кесето и купете:
-легранд,
-генерал електрик,
-АВВ
што е ролс ројс во автомобилскиот свет, тоа се овие брендови во автоматската електротехника на висок напон.
избегавајте ги:
-ети,
-мерлин герин,
-шрак...
последниве 3 можете слободно да ги користите како прекидачи...
секако.. веќе кога заправивме муабет за автоматски осигурачи, да ви дадам еден совет.... доколку ви се случи, поради ИКС причини, да ви пѓа автоматски осигурач, ви советувам, после 4-5-то паѓање да го смените со нов... значи ако паднал поради препотеретување неколку пати, му се менува отпорноста т.е. издржливоста... нај често му паѓа нивото на исклучување... да речеме бил 25 ампери, после тоа, ке исклучува и на 15 веројатно... но не често, значи ретко, ама се случува и да му се качи степенот на исклучување.. од 25 ампери отишол на 35-40... во таа ситуација сте незаштитени од кратки споеви и опасноста од запалување на инсталација, а со тоа и опасност од посериозни размери на објектот е на доста високо ниво...
едит...
прашање до симо:
треба ли доказ, или доволно е ова што го пишав?