Конечно порачав мини пц, се решив за овој модел:
GMKtec NucBox G10 AMD® Ryzen™ 5 3500U со 16 GB RAM и 1TB Nvme SSD.
Има и уште еден слот за Nvme, веројатно таму ќе иде SSD од 2 TB.
Се решив за АМД процесор зашто за слична конфигурација со Intel N150 требаше да платам уште 100 еур, од друг производител - Beelink EQ14. Од истиов моделите со интел процесори им се со поддршка за m.2 SATA 2242 втор SSD, кои се ептен ретки во 2TB и не се баш ефтини.
Ќе го возам 24/7 како мини сервер дома, планирам да заменам google drive со локални апликации и податоци на дисковите, виртуелка или container за Home Assisstant, тоа на почеток, понатаму ќе видам за што ќе има потреба. Хардверот треба да е повеќе од доволен, има и твикови за линукс за намалување на потрошувачка да биде на слично ниво како и со N150 процесор.
Купив и дополнителни работи да закачам се на ѕид (Mini Pc, Router, Homematic IP Access Point, продолжен кабел, има и место за вентилатор ако треба).
Еве како изгледа од вчера:

Тука ми е рутерот, мини-пц и закачен екстерен диск на него за енкриптиран бекап (плус копија од бекапот ми се синхринизира на клауд) и Access Point за сензорите за врати/прозори, за чад, аларм.
Каблите ќе ги средам и плус ќе ставам пластичен канал за кабелот од продужниот и за дсл линијата што идат надоле кај прикличоците што се.
Ставив и Smart Plug Tapo P110, покажува 8-9 W за мини-пцто, кога правев бекап прееска рачно, рипна до 14W, ама тој ми трае околу 50 секунди. Иницијалниот бекап направен е пред некое време и додека однесе се на клауд му требаше 2-3 дена
