Е такви се праксајд, не се за секој ден да работиш, ама се ефтини за ко ќе ти притреба да завршиш работа.
Не ги анатемисам Парксајд, си имаат своја публика и јас самиот имам барем едно десетина алати од нив. Ама ако треба да се се работи нешто серизно каде имаш потреба од подбра удобност долготрајно или издржливост сепак јас би се задржал на скупиве.
Инаку добри искуства со парксајд имам со Фреза, Правосмукалки две(особена препорака за PPWD 30), опрема за градина за спојки црева и сл, една Лисичарка на батерија и дувалка за лисја на батерија, силиконскиот пиштол како оној погоре, па дури и брусалкава има моменти кои можам да ги прифатам акао треба нешто да се подзашмиргла а не мора да трае 2 саати.
Лоши искуства со ударен одвртувач, компактна пиштол штрафилица, убодна пила батериска, топол фен на батерија.
До сега со се што сум работел со Dewalt, Makita i Bosch плава серија (и злените со ОК) можам само да ги пофалам со една многу многу важна перпорака, да го купиш алатот откако ќе го видиш на лице место и да го земеш од официјален дистрибутер.