Никогаш не прават проблем за рефундирање средства тоа е точно.
Но, потребна е мала обзирност и од наша страна, особено кога станува збор за некои ситници. И тоа се луѓе што работат за некој денар.
90% од времето кога каснат нарачките е ради нашите рамковни во Македонија кои ништо не работат и Македонски Пошти имаат повеќе директори отколку што општи работници.
Верувајте дека некогаш и по месец два (зависи од кој град) пратките се пристигнати кај нас, а не се само испорачани од страна на поштата.
Не знам колку сте приметиле, но веќе скоро и да не постои предмет што е Free Shipping баш поради тоа и мора некако да компензираат поради нашата неспособност. Најкритично иначе беше во периодот околу новата година, многу од продавачите на Али се побуниле бидејќи луѓето си ги враќаат парите, а предметите порано или подоцна остануваат кај самите муштерии. Поради тоа постои можност во иднина доколку не се оправи ситуацијата со поштата кај нас да престане соработката и доставата да треба да се врши со приватни курирски компании.