Автор Тема: Што си купивте / сакате да си купите  (Прочитано 2027069 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14520 на: 24 Јули 2024, 07:24:35 am »
Никогаш не прават проблем за рефундирање средства тоа е точно.
Но, потребна е мала обзирност и од наша страна, особено кога станува збор за некои ситници. И тоа се луѓе што работат за некој денар.
90% од времето кога каснат нарачките е ради нашите рамковни во Македонија кои ништо не работат и Македонски Пошти имаат повеќе директори отколку што општи работници.
Верувајте дека некогаш и по месец два (зависи од кој град) пратките се пристигнати кај нас, а не се само испорачани од страна на поштата.

Не знам колку сте приметиле, но веќе скоро и да не постои предмет што е Free Shipping баш поради тоа и мора некако да компензираат поради нашата неспособност. Најкритично иначе беше во периодот околу новата година, многу од продавачите на Али се побуниле бидејќи луѓето си ги враќаат парите, а предметите порано или подоцна остануваат кај самите муштерии. Поради тоа постои можност во иднина доколку не се оправи ситуацијата со поштата кај нас да престане соработката и доставата да треба да се врши со приватни курирски компании.

Не е баш точно ова.
5 пратки имам со Унгарски тракинг број, на една вратив пари 3 месеци поминаа, други две денес 75дена, ќе барам и за нив поврат. Абер нема никое до мк да стигни.
А во меѓувреме со овие порачав и друго од 2$ од Али и пуштено со Чешки тракинг, за 10 дена стигна дома.

И најсвежо, претходната недела порачано од Англија од ибеј, ментешка за возачката врата, 1кг пакетче, за точно 7 дена дома ми стигна.
Бричојте од Али ја одбираат најефтината пошта и сега страдаат, ич не ги жалам.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14521 на: 24 Јули 2024, 08:18:33 am »
Сè што оди преку Унгарија глави. Изгледа собираат на куп повеќе (да не речам илјадници) пратки и топтан ги праќаат кон Македонија.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14522 на: 24 Јули 2024, 09:19:53 am »
нека продолжат рок, или нека ја избегаваат, не знам, ама мене ми поминал рокот, како да бидам сигурен дека ќе стигнит или не?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14523 на: 24 Јули 2024, 09:57:46 am »
Шо ги тркалаш, барај пари назад, пред короната лимитот беше 45-60ден макс за стигнување до дома, сега е секаде 75дена, на шо личи тоа. Ако ти треба нешто за на зима, сега се порачува.
Или скрос нека не блокираат или нека пуштат по друга пошта. Порано дури се избираше, Сингапур, Хонконг, итн... сега стандард алиекспрес шипинг или ДХЛ 100$.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
  • Macedonia
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14524 на: 24 Јули 2024, 11:20:09 am »
Во право сте за погоре кажаното, но тоа не го прави точно и тоа што јас го наведов.
Во најмала рака, барем во мојата локална пошта кадешто работат обесправените браќа.
Многу пати ми се случило да е во Македонија и да пишува дека е во пошта и со недели да не можам да го подигнам и ми викаат дека они ќе ме известеле, а немаат абер за да го направат тоа. Најчесто се заглавени на царина.

Секако, извор на тој податок преку самиот тракинг од Али + дополнителна проверка на https://www.posta.com.mk/Tracking/index.html

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14525 на: 24 Јули 2024, 11:26:15 am »
Голем дел од факе страниве се кинески, сајбер криминалот ми се чинит е тамо нај развиен. Така да... И ја су поштем ама ете ме зезнале со фишинг, никој не ме прашал. Така дојде животот.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14526 на: 24 Јули 2024, 11:45:26 am »
Нарачав ситнурија, која ми беше реално потребна, требаше да се монтира на кола.
09.04 нарачана, пишале испорачана - Прилеп на 28.06, јас ја добивам пратката на 17.07.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14527 на: 24 Јули 2024, 11:47:29 am »
Нарачав ситнурија, која ми беше реално потребна, требаше да се монтира на кола.
09.04 нарачана, пишале испорачана - Прилеп на 28.06, јас ја добивам пратката на 17.07.

Стандард, и кај мене се дешава истово, чак и преку месец разлика од пишано испорачано до вистински испорачано.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14528 на: 24 Јули 2024, 12:19:15 pm »
Така најубо ако не ти се брза, ем парите назад ем стоката дома.  ;D

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
  • Macedonia
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14529 на: 24 Јули 2024, 12:21:46 pm »
Заборавив да ви го кажам најјакото: Еднаш ми се јави со скриен број вработена во поштата и ми вика те знам често доаѓаш да подигнуваш пратки има една за тебе ќе ја враќаме утре ако не ја подигниш. Јас врска немав дека дошол моментот за подигнување, уште ми вика си ја ОДБИЛ пратката. Како може бе викам да одбијам нешто што сум го платил и го чекам да стигне толку време. Проверувам на пошта тракинг стварно пишува дека е одбиена. Сепак, отидов во поштата и успеав да ја подигнам пратката, а на која основа такво нешто се случило стварно не знам. Пак мислам дека најмногу е до нашите неспособници и рамковци.

Нарачав ситнурија, која ми беше реално потребна, требаше да се монтира на кола.
09.04 нарачана, пишале испорачана - Прилеп на 28.06, јас ја добивам пратката на 17.07.

Биди среќен што само после толку време си успеал да ја подигниш  ;D

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14530 на: 24 Јули 2024, 12:23:34 pm »
Втор обид за достава пишуваат демек ако не си дома. Нема врска тоа. Не стасал поштарот да ја достави. Јас имам број од поштарот и тој има мој и немам мака со пратките, освен последниов месец, мада не се врткам ни дома со обврски.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
  • Macedonia
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14531 на: 24 Јули 2024, 12:33:26 pm »
и јас имам број од поштарот мој и тој го има мојот и обично ми се јавува да се симнам да ми ги даде пратките или пак ги носи во пошта и утредента самиот си ги подигам, ама конкретно ситуацијата што ја кажав погоре не знам како настанала бидејќи со сигурност никој нит ме побарал, нит сум одбил самиот  ;D

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14532 на: 24 Јули 2024, 13:09:03 pm »
Со оглед на околностите треба да се има разбирање за трговците од Али, ама не на сопствена штета. Јас имам спремен текст од пар реченици „пратката не е стигната, продолжете го рокот и подобро не праќајте повеќе преку унгарска пошта пошто за кyp не ги бива“. Некои продолжуваат рок, некои не, а јас на истек на рокот правам пријава за нестигната пратка... Тоа сметам дека е коректно, ако они не се замараат за продолжување рок и тоа на мое барање, тогаш јас сум го направил тоа што човечки може да го направам. А буквално 10 секнуди е копи&пејст, до толку можам да направам.


Инаку овие од Виа пост доставувачите се коректни, ама преферирам поштарот кога ми носи пратки. Само ми ги фрла на тераса, не мора да се замарам да искачам до улица (освен понекад кога ќе го начекам на дело, искачам да му бутнам една ладна лименка во раце).  :)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14533 на: 24 Јули 2024, 13:42:25 pm »
Epa napraj pejst eden....

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14534 на: 24 Јули 2024, 14:19:14 pm »
"the shipment has not arrived, please extend the deadline and you better don't send any more shipments via Hungarian post" (because they are not worth a Kyp)