Каде има рачна мелница во Мк ?
Имаше едно време во 7 грама рачна мелница од Bialetti, ја зедов, ама не ме импресионира. На друго место не знам да имат, јас би порачал од AliExpress.
Убав избор на кафиња си направил, и убави совети.
Уште нешто би додал: Секогаш мели онолку колку што ќе испиеш дента (или во моментот, ако мелницата е таква за мали количини). Остатокот од кафето во зрна, откако ќе се отвори пакувањето, чувај го во фризер, за што подолго да се зачува аромата. Погоотово важно за пакувањата од 1кг, иако јас сите ги чувам во фризер. Thank me later
Мелам пред секое правење кафе, а остатокот од зрната од отвореното пакување ми се во вакумирани контејнери, овие од Харио. Мелницата е Mignon Zero, баш таква за single dose
https://global.hario.com/product/coffee/accessories/MCN.htmlИнаку, генерално имам отворено максимум едно кафе, го пијам па одам на друго, за да не се изветреат. Во вториот контејнер ја држам Lavazza-та шо ја пијат девојка ми, обично е Gran Espresso. 250 грама тука, остатокот во вреќата и во замрзнувач пошо е килска вреќа.
Советот за замрзнувач е одличен за долготрајно чување кафе, било отворено или затворено.
Хондурас мене ми напраи многу мерак, ама јас во мока праев.
Дај пишу препорака и за кафемат, на нијат сум да земам, буџет ми е 250-400еу
Ова ти е буџетот само за кафемат? Ако е така, Gaggia Classic Pro. Баш околу 400 евра би требало да е.