Автор Тема: Што си купивте / сакате да си купите  (Прочитано 2027022 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13425 на: 14 Ноември 2023, 01:35:26 am »
Малку да смениме на lightweight, по препорака на Владич а богами и по доста изгледани ревјуа.
Порачан денес од официјалната страна, ке чекам да ми годонесат пред Нова Година. :)
Lanshan 2 - 125€ со Black Friday -15%.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Sent from my iPhone using Tapatalk



Дај линк ако си барал кај кој продавач е поевтино... Кој модел го зема? Гледам има разни... Ова као проверена работа е со хајкинг стаповите наместо „арматура“? Добро звучи во концепт, пошто помалку ствари тегнеш со себе.
Другите моменти, материјалите добри се?

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13426 на: 14 Ноември 2023, 08:07:43 am »
Моделот е Lanshan 2 Khaki 3 season: https://3fulgear.com/product/ultralight-tent/lanshan2-classic/
Многу полесен за носење, доста издржлив според сите ривјуа. Уште 2 стапа да земеш околу 400,500гр, околу 1.6кг вкупно. Стапови ке земам од Декатлон, нивните ми се скапи. https://www.decathlon.co.uk/p/1-hiking-pole-with-quick-and-precise-adjustment-mt500/_/R-p-173277

Порачав од официјална страна, да го испорачаат во Швајцарија, па ке ми го донесат пред Нова Година. Не ми се ризикуваше, бидејќи има доста фејк шатори и ми беше поскап од Амазон и сл.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13427 на: 14 Ноември 2023, 08:48:16 am »
Еј топ, со здравје да си го користиш, ме претекна значи :) Ќе нарачам и јас кај да е , ама ваљда про, не му се плашам на кондензацијата и заптивањето :D


Sent from my iPhone using Tapatalk
« Последно менување: 14 Ноември 2023, 08:58:08 am vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13428 на: 14 Ноември 2023, 09:00:17 am »
Фала ти Владич, за неполн месец треба да пристигне во Швајцарија, па да ми го донесат братучедиве.

Се одлучив за стандардната верзија највеќе поради лепењето, бидејќи ми е плус замарање и не сум сигурен дека би го залепил како што треба. Малку е потежок од Pro, но во споредба со MH100 кој е 4.1кг, ова ке биде препород. :)
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13429 на: 15 Ноември 2023, 15:31:36 pm »
Кај можам да најдам дигалка "крокодилка" која може да се спушти на 9-10цм, а да биди со понормална цена до кај 3000 денари?

Овие што ги продаваат по интернетов сите се спуштаат до минимум 13-14цм, а кај мене едната кола е 10тина цм.

Менувам гуми на 2 коли па ќе ми збрка работа за да не треба да веслам на фабричките дигалки од колите на сите 4 колца посебно :D

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13430 на: 15 Ноември 2023, 15:53:24 pm »
Кај можам да најдам дигалка "крокодилка" која може да се спушти на 9-10цм, а да биди со понормална цена до кај 3000 денари?

Овие што ги продаваат по интернетов сите се спуштаат до минимум 13-14цм, а кај мене едната кола е 10тина цм.

Менувам гуми на 2 коли па ќе ми збрка работа за да не треба да веслам на фабричките дигалки од колите на сите 4 колца посебно :D

Ако мислиш на оваа https://bois.com.mk/product/hidraulicna-podna-digalka-2t-ingco/
ја видов кај братот наш дизел https://forum.carclub.mk/index.php/topic,7056.msg1280275.html#msg1280275
подоле на сликите ја имаш е сега колку се спушта едино он да ти каже

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13431 на: 15 Ноември 2023, 15:58:49 pm »
Таква барам, не мора конкретно Incgo да биди. Макар што за 3 тонската пишува дека се спушта до 145мм, 2 тонската не верувам да е нешто многу пониска.

Но еве штом има @Diesel иста таква, нека сподели инфо од прва рака за минималната висина.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13432 на: 15 Ноември 2023, 15:59:33 pm »
Подигни ја колата со фабричката дигалка додека влезе обичната крокодилка, зошто овде ќе најдеш само вакви:

https://www.premiumtools.com.mk/racen-alat-2/avtomehanicarski-alat/digalki-i-potpiraci-digalki-potpirachi/hoegert-niskoprofilna-hidraulichna-digalka-2t-ht8g004

И ваква без цена:

https://www.alati.mk/digalki/niskoprofilna-digalka-za-vozilo-3t-l

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13433 на: 15 Ноември 2023, 18:36:47 pm »
Значи овие што ми бркаат работа се викаат нископрофилни ама ценава му е високопрофилна

Како и да е, ако не најдам ваква како што си ми пратил за поевтина цена, ќе си вртам на фабричката, не ми се зафркава со 2 дигалки. Башка има посебни места (гумици) каде се става дигалката, ако ги утнам, ќе направам дупка во прагот.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13434 на: 15 Ноември 2023, 19:09:48 pm »
Сакаме да си купиме една многу долгогодишна желба:



Ми го тргнаа како резервација едвај (многу, многу тешко се наоѓа на залиха), па да видиме викендов.
Здравје само.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13435 на: 15 Ноември 2023, 19:23:17 pm »
Кај можам да најдам дигалка "крокодилка" која може да се спушти на 9-10цм, а да биди со понормална цена до кај 3000 денари?

Овие што ги продаваат по интернетов сите се спуштаат до минимум 13-14цм, а кај мене едната кола е 10тина цм.

Менувам гуми на 2 коли па ќе ми збрка работа за да не треба да веслам на фабричките дигалки од колите на сите 4 колца посебно :D

А да не мислиш овие од 2-3000 ќе ти ги кренат двете тркала одеднаш ? Не се надевај на тоа, за таква ќе се спружиш сигурно дупло пари... овие едвај успеваат едното да го кренат, барем кај мене.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13436 на: 15 Ноември 2023, 19:27:09 pm »
Зависи колку е долг (амортизерот), ако е подолг потешко се крева  ;D ;D  ;D

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13437 на: 15 Ноември 2023, 19:55:14 pm »
Не очекувам двете тркала да се кренат одеднаш, ама сигурно побрзо и полесно ќе биди отколку со фабричката дигалка.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13438 на: 15 Ноември 2023, 20:10:33 pm »
Таква барам, не мора конкретно Incgo да биди. Макар што за 3 тонската пишува дека се спушта до 145мм, 2 тонската не верувам да е нешто многу пониска.

Но еве штом има @Diesel иста таква, нека сподели инфо од прва рака за минималната висина.

Денес менував гуми, како не го видов постот...

Може да се стрпиш до утре, ќе ти измерам точно, до милиметар? Не те заборавам...

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13439 на: 15 Ноември 2023, 20:30:36 pm »
Не очекувам двете тркала да се кренат одеднаш, ама сигурно побрзо и полесно ќе биди отколку со фабричката дигалка.

Порано на некоја од колите имавме една дигалка со 17ка штраф, демек да си ја вртиш со клучот за тркала.

Да ја имав уште таа, лесно ќе беше - 17ка сокет на штрафилицата и нека тера на споро :)

И за сегашниве има лек, ќе изведеш нешто слично на ова од 10ка или 12ка сокет и ќе врти:

https://www.betterhardware.com.au/driver-bit-for-screw-eyes-stainless-steel-304.html