Мене
многу ми се допаѓа индустрискиот дизајн на новите Ајфоуни. Неоправдано висока ми е цената, ама дизајнот е одличен.
Сепак, можеби работата што најмногу ми смета - и не само кај Ајфоун, туку и кај Самсунг на пример - е што кај флегшип моделите ја врзуваат големината на екранот со достапните features. Не сакам Galaxy S21 Ultra. Преголем е. Ама ги сакам камерата, квалитетниот дисплеј, и другите тракатанци, да речеме. Тоа не ми се допаѓа. Исто и кај Ајфоун - врвната камера (зборуваме за врвната, не за доволно добрата) е достапна само кај 12 Pro Max Ultra Mega Titanium. Многу ме нервира тоа. Немам раце толкави. А кај Самсунг, мат црната варијанта е мислам резервирана само за S21 Ultra. Сакам S21 нормален, океј ми е 1080 дисплејот, ама сакам мат црна варијанта и врвната камера.
Е сега. At the end of the day, јас имам некаков свој ментален лимит за тоа колку пари сум спремен да дадам за
нов телефон. Мојата граница за нов телефон е околу 30.000 денари, со можност за мало протегнување. Тоа е веќе далеку од флегшип буџет. Затоа мојот следен уред најверојатно ќе биде S20FE, или нешто слично. Не постои (за мене) паралелен универзум во кој јас ќе дадам 1200 евра за телефон. Комедии. Глупости. Не можам да објаснам колку ми е глупаво тоа.
Плус, во мојата ментална математика не влегува опцијата за купување половен телефон. Можеби грешам, ама едноставно - не ми се исплати да се замарам. Па како била чувана батеријата, па колку ќе држи, па дали бил отваран, па да не е краден, па да не пропушти вода, па дали е оргинал пуњачот, па пенис максимус. Немам нерви за тоа, а мене телефонот ми треба
за работа. Затоа и не би се заебавал со Huawei во моментов - немало Google Store, па заебавај се, па додавај, па ееееее... Налет. На-лет. На времето користев HTC и бев пре-пре-презадоволен. Кога HTC ја испушти работата од контрола, време беше за промена. Сега сум на Samsung, ама гледам дека и кај нив работите бегаат од контрола, особено ценовно... Па здравје, ќе видиме.
Се согласувам со
@KaZaN и
@MartinAlfista - Умре времето кога за Xiaomi не се наоѓаа делови. Си имаме официјален Mi Store, со сервис, со делови (за од кај нив купени работите), со сите потребни нишани. Можеби е нијанса потешко да се најде дел, ама се наоѓа. Да, на Xiaomi им фали конзистентност можеби во моделите, ама да не се лажеме - гиганти се. Учат, слушаат, испорачуваат. Агилни се, испорачуваат продукти што се и ценовно привлечни, и привлечни по features. Имам неколку различни Xiaomi продукти дома - и сите се прилично добри. Не се одлични, направени се компромиси, секако - ама за тоа што е платено за нив, таман си се.