Пробај со бигинер скија малце побрз карвинг, па да видиш која е ралзика меѓу напредна и почетничка скија.
Стабилноста при брзини, цврстината, можноста силата/притисокот од ногата што подобро да ја пренесе на врвовите и на опашките од скиите ги прават скиите за напредни - напредни. Тоа доаѓа со нусефект, бара подобра спремност од скијачот (адвансд-нели), затоа што кај неспремните скијачи ќе доведе до побрз замор, поголемо оптоварување на нозете, па дури и можни повреди.
Бирајте ја опремата спрема нивото на вашето скијање. Не по боја на кондури и скии. Кај кондурите е исто така битно, покрај флексот на кондурата, адвансд кондурите имаат подесување на агол на ногата, и подесување на кант. Поцврстите кондури може да придонесат за потешкотии кај ненапредните скијачи и побрз замор и болки во нозете, додека напредните скијачи бараат поцврсти кондури заради подобра контрола при поголеми брзини. Останатите подесувања, како што е аголот и кантот, придонесуваат за лесно прилагодување кон желбите на скијачот. На пример, моите кондури имаат подесување од 19 степни и 16 степени агол. мене ми одговара помалиот агол дур се ашкам со децата, додека го бирам поголемиот агол кога сум сам со себе и својот адреналин.
Секако, не мора да се летаме по К2 или Blizzard затоа што тие биле шема сеа, има добар избор на скии од сите производители, Head, Fisher, Salomon, па и Elan (јас моментално скијам некои 15-тина години стари Elan advanced S12 скии - прв газда, свртен бројчаник)
Исто и за кондури, Head, Salomon, Rossignol, Alpina прават одлични кондури.
Јас единствено не би се летал по сега актуелниот модел, би побарал лански или преклански. Ретко кога има екстремен напредок од ланскиот до овогодишниот модел на скиите и кондурите од ист производител и ист ранг, а цените знаат да бидат и до 50-60% поефтини.
Ако ја правиме "Colmar" шемата „за на стаза“, тогаш се знае - што поскупо то боље. И етикетата со цената да не се вади!