За мрсна боја се супер овие. Може да се разреди со маслен разредувач мааалкуцка, ама ништо специјално. Како за нормално фарбање што си оди. Не го мерам од око си ставам. Проблемот како што реков е кај акрилна боја за фасада која е како тесто и бара многу мешање и разредување за да заличи на течност како што треба. Но резултатот и со таа е одличен - според мене секако. За погруба работа е џам. Е сега ова твоево има лимитер за орозот за да не ја зезнеш работата по грешка полкило да џитнеш боја на еден стисок. Таму се врти испод орозот до кај да оди.
Најважно, маслен разредувач за после употребата за да може да се исчисти убаво и од внатре. Ќе ставиш во канистерот и ќе прскаш со разредувач за да ги прочисти каналите. И дизната и тие прските од страна. И со тоа спајалицата што си доаѓа сите дупчиња. Ќе се уходаш ова е 5 минути работа. Само ако немаш разредувач не почнувај, ќе се направи тесто внатре бојата и фрли го после. И секако после тоа чистење ќе си расклопиш се и ќе си исчистиш, тоа цевчето, мрежичката, носот кај дизната итн. И како нов ќе си биде.