Не можам да сконтам зошто, кај нас се носат убедливо најнеубавите модели на патики, со луди цени...
По нарачка нешто? Не дај боже...
Знам дека звучам снобовски, ама патики купувам најчесто во Outlet центри "надвор од МК". Имаат избор иако се аутлет и продаваат бајата роба, најчесто има 3-4 модели кои што ми се интересни и незнам за кој да се одлучам. И никогаш немам платено повеќе од 50-60 евра. Дополнително патиките ги утепувам од носење по 3+ години.
Кај нас немам купено патики многу одамна. Моделите се чудни, материјалите се чудни, а цените се премиум. И тие што ги имам купено не додржуваат ниту една сезона да ги износиш. Ќе се деформираат, одлепат, пожутат...