Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Си порачав синџир од амазон-англија, 1070ден + 70ден провизија за наплата. Пак поефтино од пробајк 1200ден + карго до битола. Само не знаев дека и овие како ибеј се направија 1 долар/фунта за трансакцијата дека земаат.(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Иначе изненадија SportM со 50% попуст, прв пат во свое постоење, па си пазарив Adidas Superstar 80s, мислам дека 6ти пар до сега.
Цените на велосипеди и нивни делови се ептен скапи во МК и многу поисплатливо да се порача и да се чека. + Немаме никаков избор на лагер. Моментално во СК мислам дека има повеќе од 10 продавници за велосипеди а според пазарот би требало да има 2 за да имаме конкурентни цени.
Цитат: BraneMKD на 05 Јули 2019, 09:57:37 amЦените на велосипеди и нивни делови се ептен скапи во МК и многу поисплатливо да се порача и да се чека. + Немаме никаков избор на лагер. Моментално во СК мислам дека има повеќе од 10 продавници за велосипеди а според пазарот би требало да има 2 за да имаме конкурентни цени.Логиката е дека ако има помалку продавници, ќе имаат поголем пазар за себе, па ќе увезуваат поголеми количини, и со тоа ќе имаат пониски цени затоа што ќе можат да добијат попусти на количина?Досегашното искуство во државава вели дека монополизирање на пазарот води континуирано кон помал лагер и повисоки цени.