@zeroSignal
Колку што знам, вие ја возевте во 2011/2012 ако не се лажам?
http://www.carclub.mk/2011/12/05/hyundai-elantra-1-6/Да, така било.
Фала на одличните информации. Меѓутоа колку што разговарав со луѓево од Хјундаи, ми рекоа дека и30 нема никаква врска со Елантрата?
Ти викаш дека се ајде, да речеме, малтене исти возила. Истото мислење го имав и јас се додека вработените ми го кажаа спротивното.
Е со оглед на тоа ова е модел 2014, а тоа 2011, практично е истата кола, но можеби има некоја ситна разлика во изгледот, детал и слично, не верувам дека има разлика во вешањето.
Сепак би сакал да ја пробам колата во најмала рака на Водно да видам која е таа доза на нестабилност која ти ја влеала

И да, гледам некој седан.
Се она што го кажа е точно.
Мазда 3 е премногу скапа, но е затоа кукла.
Октавија не би купил, јеби га имам предрасуди и не можам да ја сварам Шкода. А и не е ништо специјално, од она што го видов во салон, а да не зборам дека излегува од буџетот. Башка што е грда како ГС одвнатре.
Елантрава влезе заради екстремно ниска цена и она што го нуди. А и многу ми се свиѓа нејзиниот изглед пред се. (личен вкус)
Хондата е исто скапа.
Тојотата и јас се слагам дека изгледа како лименка.
Инаку почнав да гледам од најефтина варијанта наседан, па у комбинација влезе елантрата.
Мислам дека во секој случај е подобар избор од Рапид, ЦЕлизе, 301.
И на крај кога би требало да се одбере цитроен или хјундаи, би го избрал Хјундаито.
Дали тоа значи дека добро впива дупки на патот?
По рецензии што читав на интернет имала многу удобно возење.
@zeroSignal
Покрај кривините, дали ја извадивте на автопат?
Какво е во тој случај чувството?
Дали и во таков режим на возење, значи автопат, се осеќа нестабилност? Збориме за длапки, издигнувања на патот, нерамен автопат и слично.
И дали евентуално се сеќаваш на потрошувачката?
Мада тоа е најнебитно пошто се става уште првиот ден плин и се пичи.
И да, гаранцијата важи и со вграден плински уред.
5 години целосна гаранција или 100000 км.
Дали некоја европска фирма нуди овакви услови на гаранција.
Фала на одговорите.