Не би ти ја препорачал. Не ради нешто друго, него е страшно нестабилна.
Нестабилна или мека? Ми рекоа дека има торзионо вешање, па некако нестабилноста не е својствено за такво вешање...
Или заради тоа што е мека па добиваш чувство дека се криви во страна во кривина, незнам. Сепак би сакал да ја повозам за да добијам чувство каква е таа нестабилност.
Знам дека имаш возено тест возило, за жал немаа во Хјундаи за да го пробам. Не познавам никој да ја има за да споделам искуства во врска со тоа.
Инаку од она што можев да го видам има одличен мотор, многу добар изработен ентериер, и лично ствар на вкус прекрасна линија.
И на крајот на краиштата добра цена.