Ко шо вели насловот, госпожата сака мало градско возило за нејзините потреби

Пошто сме во Европа, а Европа нема граници, ќе му ја летнам до Имачка или друга земја со богаташи кои ефтино ги шиткаат своите скапо платени возила, и ќе и купам такво.
Арно ама не знам шо, как, дек...
Око и фатила, а и мене богами, Мече А класа, од претходниот модел 2005-2012.
Треба да има 4/5 врати за да не се караат децата кое прво да излезе. Боја треба да има, не е битно каква само да не е црна за да не треба секој ден да го носи на прање. Да биде икономична, значи дизел, плин или бензин со вкалкулирани трошоци за плин у купот од 7500 еври. Екстра опрема покрај клима и електрика може да има, ама не е пресудно.
Ако поминам поефтино ќе бидам среќен, значи не мора да кошта 7500, може и со 5500 да поминам, па ќе им најдам чаре на тие 2000.
Да не е возена такси и да нема повеќе од 130.000km.
Каде да одам?
Шо да барам?
Шо да гледам?
Од што да бегам?
Однапред благодарен за советите и препораките.
П.С. може и нешто друго да земам, но не јапонец, кореец или нешто слично на кое за три години ќе изгубам 60% од вредноста на половното возило. VW неќам од национал-шовинистички причини.