Пред некој ден еден од побратимите од Тетово со сеат љеон тди ми влезе малкуцка у лента и ми ја согреба убаво возачката врата лајсните и малку на едно ќоше ретровизорот, сите оставме живи здрави, побратимот испцуен до 18то колено што не ни застана и така... Е сеа, бидејчи има и други гребки(мислиш каросеријана била гребка од лотарија), сакам убаво јово-наново да ја однеса да ја прешприцаат, некоја ситна корозија да средат и заштита со кобит мобит да се стави, па сакав мислење дали е добро да се носи сега пред зима или на пролет ?